Хах имав како мала сега до скоро го листав и го искинав да не го прочита некој ..кои глупости беа :-'
Еден куп дневници имaв кaкo дете.Ги чувaм бидејќи мнoгу ми се смешни.Oд пред 5 гoдини пoвтoрнo пoчнaв дa вoдaм дневник,oвoј пoсериoзен зa рaзликa oд детствoтo. Никoј не ми гo рaзлистaл ниту ќе дoзвoлaм вo иднинa тoa е мoјa привaтнoст.И нoрмaлнo никoгaш не би гo искинaлa ниту изгoрелa.Тoa се мoи пишaни и чувaни спoмени.
Сакав да отворам ваква тема, ама сега видов дека имало. Мислам дека единствен пат кога водев дневник беше кога учителката во четврто одделение ни го зададе тоа за задача. Поголеми и понекреативни глупости јас во животот немам напишано. Аа не, се сетив. Зошто како помали, за родендени добивавме мноогу дневници, се нафатив уште еднаш да пишувам и напишав неколку странички, од типот на тоа како се викам, каде живеам и што сум во хороскоп. Сега дојдов на некоја идеја, повторно да пишувам дневник, ама не она типичен во стил што ми се случило денес, да си го раскажувам целиот ден, туку општо моите чувства и размислувања на дадени теми да си ги искажувам. И после неколку години да земам да го прочитам, и да си се смеам колку подетинесто сум размислувала. Се надевам дека ќе ја реализирам идејава, зошто вакви работи ми се секогаш интересни на почеток и за кратко ми здосадуваат.
Додеκа бев сρедношκолκа водев еден дневниκ и го испишав цел. Во него знам деκа има све и свашта па сега темата ме потсети да го најдам и аκо ми фаќа оκо или да го фρлам или да го запалам.....недај боже неκој да го отвоρи и да си читни
Jas sekogas imav licen dnevnik vo koj go opisuvav sekoj detal od denot. mi bese star 6-7 god. Hahh Den, dva pred da se omazam gi iskunav i go frliv...paa da ne go procita nekoj neli ....a da pred da go iskinam i frlam prvo go procitav malce za poslen pat
Дали некој користи апликација од Play Store за пишување дневник или знае некоја добра да ми предложи? Сум симнала неколку и никоја не ми се допаѓа.
Јас имам дневник стар 6-7 години и многу си го сакам. Често знам да си читам додека пијам кафе и да се потсетам на случки со другарките, пропаднатите врски, првата љубов, возбудата околу свадбата, смешни проблеми..
Пишувам во дневик веќе 3 години. Пишувам на 2 начина, еден - терапевски, фокусирана на сум на чувства, дешавки, проблеми, и рефлектирам, анализирам, доаѓам до заклучок; втор - пратам прогрес околу нешто, навика ли, цел ли е, што ми е битно во моментот. Рефлектирам на крајот од неделата, на крајот од месецот и на крајот од годината. Тоа изгледа отприлика вака: Првиот начин - утрово на работа со Марија дискутиравме за тоа и тоа, немавме исти мислења на темата, Марија почна да вика сè погласно и погласно, делуваше вознемирено, се однесуваше хистерично; јас се почуствував навредено затоа што се дереше и затоа што не дозволуваше да кажам било што - зошто така се почувствував - затоа што не заслужувам некој да ми се дере - но таа се дереше, не јас - јас не можам да ги контролирам останатите - таа има нерешен проблем штом е избувлива и не може да се контролира - тоа не е мој проблем, затоа нема потреба јас да се осеќам навредено, всушност не секој заслужува да го добие моето мислење - забелешка: во иднина не навлегувај во подлабоки теми и дебати со Марија бидејќи не може да си ги контролира чувствата, не знае нормално да си ги каже мислењата и ставовите, хистерична личност е, итн. Вторниот начин: "Наслов на книга" 135 - 210 стр. Појадок: овес, банана, путер од кикирики; ужина 1: слива, бадеми; ручек: ориз, пилешко, домат, краставица, пиперка; ужина 2: сладолед; вечера: грчки јогурт, малини, чиа, лешници. 8 км точак; 4 км пешачење; 15 мин. вежби долен дел. 10 мин. медитирање. Со разни пенкала и маркери подвлекувам разни работи за да можам за рефлектирање лесно и брзо да најдам тоа што барам. Во недела разгледувам што сум правела во текот на претходните денови, што ми се дешавало, како сум реагирала, што ме мачело и дали уште ме мачи па да обрнам внимание следната недела, ако сум забушавала во редовните навики, дали на пример сум била доволно активна, ако не, да знам на тоа да обрнам внимание понатаму, гледам каков ми бил односот со луѓето, гледам на што треба да поработам, што да променам, што да продолжам да правам исто, итн. Се научив така да функционирам и понекогаш се случува да забушавам и во пишувањето, и осеќам дека ми фали - ми фали вентилирањето преку пишување, ми фали конектирањето со себе преку дневник, ми фали рефлектирањето, ми фали ваквата организација. За мене пишувањето во дневник е една од најдобрите активности што сум си ги внела во секојдневие.
Да преминеме во правата тема. Баш последниот коментар е мој кај што повеќе имам објаснето како пишувам. Во принцип, пишувам за дешавки што ми предизвикале силни емоции, што осеќам, зошто баш така се осеќам, што ми смета, што ми годи, како не сакам да биде, како сакам да биде, разгледувам опции, итн. И да не ми се деси нешто, пишувам за тоа, како се осеќам во моментот, си го проверувам спокојот во каква состојба ми е. И пратам прогрес околу навики. На пример во моментов имам 4 секојдневни навики: медитација, дневник, 10.0000 изодени чекори во денот и читање на книга. И си штиклирам кои денови сум ги истерала, колку, како, итн. Па после гледам кај има пропусти, зошто има пропусти, кај да се поправам, итн.
Препреубаво си пишуваш. Многу добар и реалистичен начин за self-reflection и „мерлив“ начин на подобрување на самиот себе. Ми се јави ќеф и јас така да запишувам само од помислата на придобивките .
Мило ми е. Според мене, дневникот е една од најдобрите нешта што можеш да ги правиш за себе. Лично, не знаеш колку се променив во позитивна смисла откако почнав да пишувам. Се самозапознав, се засакав, си открив еден куп маани и почнав да работам на нив, но истовремено си открив и еден куп доблести и позитивни особини. Ниската самодоверба ја заменив со здрава, негативната перспектива кон нештата со позитивна. Научив подобро да ги проценувам другите луѓе и како да се соочувам со разно разните карактери. Научив како да бидам добро организирана и повеќе дисциплинирана. Едноставно, се подобрив на мал милион начини. Секако како и со сите други работи, така и со пишувањето во дневник - треба секој ден подолг период да практикуваш додека да си фатиш ред и да навлезеш подлабоко.
Пред некое време ми излегуваше реклама за кај нас да се купи The five minute journal, сега не можам да ја најдам. Дали знаете на која страна беше?
Најубаво и најинтимно нешто, како прозорец кон себе ми е. Не пишувам секој ден, само кога сакам да исфрлам емоции од мене.
Уфф, како отвара прозор за рефлектирање ова... Мислите ми се раштракаа на сите страни. Ме потсети дека треба уште повеќе да се ослободам да бидам тоа што сум, да не се плашам дали некому ќе му се допаѓам или не, сè додека сама себе си се допаѓам. Секако не во нарцосоидна смисла, туку свесна сум дека кога сум добронамерна, хумана и искрена, нема што да се секирам. Башка што си имам свој вкус за кој нема потреба никому да давам објасненија и оправдувања, едноставно треба да уживам во него. Секој може да повели и да ужива во тоа што уживам јас, нема проблем. Ниту наметнувам, ниту се моделирам по туѓо. Нема поубаво од тоа да си свој и да си го цениш и почитуваш идентитетот. Секако доживотно се менуваме, и тука лежи убавината. Да се впива, црпи, учи, доживува. Да се биде добар кон себе си и кон другите.
Potreben e samo eden chovek da mu go izmeni zivotot na drug chovek. Vechnoto baranje I glad za ljubov e samo predizvik za da se potroshila sledniot den. Kolku malku treba za sreka ,a sekogas toa malku nedostasuva.