Овака некако функционира. Дневникот дозволува да си ги средиш мислите, да провериш сам со себе што како е, да рефлектираш, да дојдеш до одредени заклучоци што ќе ти помогнат.
Journaling на целосно друго ниво. Интересно изгледа, не е за мене, повеќе ми одговара еден тефтер, ама па инспиративно е, ми даде идеи.
Да, но запишувам само битни денови, моменти настани. Се случува и со недели да не пишам ништо. А потоа да пишувам секој ден.
Една убава страна на водење дневник е што ако сакаш можеш да се навраќаш наназад и да видиш низ што си поминувал, како си се однесувал во одредена ситуација, како си реагирал, како си се осеќал. Па да видиш понатаму како си ги анализирал постапките, мислите и емоциите, како си работел на нив, како и што си рефлектирал, што си дознал, што си открил. Си ги гледаш своите борби. Си ги гледаш мааните, но и позитивните особини. Си ги гледаш слабостите и грешките. Си ги гледаш напредоците и поправките. Повремено го правам ова, си тарашкам низ стари дневници. Ме мотивира тоа што го имам пишувано. Ќе се потсетам на нешто позитивно и ќе се мотивирам да се фокусирам сега на истото. Или ќе видам нешто што не ми се допаѓа и ќе се мотивирам да не го повторам истото. Едноставно убав потсетник е и добар приказ на личното развивање.
Сега е периодот на рефлектирање на годишно ниво. Да се читне наназад низ месеците низ што си поминувал, како си се осеќал, што си размислувал, што си научил, што си погрешил, како си реагирал, итн. Период на поставување цели за новата година. Да се читне наназад низ месеците дали си ги остварил поставените цели, каков ти бил пристапот, што си правел за да ги оствариш, каков ти бил прогресот, итн. Период да се издвои време добро да се размисли што се сака, што не се сака, каков сакаш да бидеш, што сакаш да оствариш, кон што ќе целиш во наредната година.
Не знам дали е прашањево за тука, но поврзано е со дневнициве. Каде можам да најдам jorunalism stickers ? Немам сретнато никаде, ми изгледаат убаво вака од видеа што гледам
Ау колку добра епизода: https://open.spotify.com/episode/6K3xUcdL21WZnJzasHdjLg?si=84NYq-GpQje9joROItqq_Q&t=3607 Прво, мислите, чувствата и искуствата што ги споделува се преубав приказ како функционира и помага дневникот. Второ, лично се пронајдов во процесот на анализирање и рефлектирање, за да ги преработи мислите, чувствата, ситуациите и доживувањата, и да дојде до позитивен заклучок кој помага за намалување на стрес и себенасочување во позитивна насока за што понатаму во животот. Идентично правам. Супер, вредна епизода за преслушување. Може ќе мотивира некого да почне денес да пишува во дневник.
Сум пробала да бидам редовна со пишување многу пати, али 3 дена и после тоа ми се смачува. Карактеристично за мене е да си пишувам на лист у моментот коа иам насобрано сваштарија, али тие листови, којзнае каде ги оставам
Јас си пишувам и во апликација, моментално во оваа: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.intelligentchange.fiveminutejournal Пошо не секогаш ми е при рака физичкиот, а имам потреба да пишам нешто, или да си оставам белешка за следна рефлексија која ќе ја разглабам во физичкиот.