1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични дневници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bright, 17 февруари 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Имам една посебна шарена кутија во која ги чувам сите дневници, споменари, карти за во кино или концерт, писма од симпатијата, роденденски честитки, песни... буквално целиот мој живот!
    Почнав во 3то одделение кога впрочем го добив првиот споменар за мојот роденден. Порано имав повеќе време за да пишувам и имам 4-5 дневници цели испишани. Сега нажалост со студиите немам време ни за самата себе, ретко пишувам, но кога ми е досадно обично знам да ја отворам кутијата и да си читам се по ред. Многу од случките не ги паметам, но затоа се тука испишаните листови да ме потсетат :)
     
    На sweetyears му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    ^ Исто ко јас да сум го пишувала тоа :) :) :)

    И јас имам кутија, ги чувам сите преедмети кои директно ме враќаат назад :D Од писма, карти, ливчиња.. до капачиња, камчиња, кутивчиња.. ехеее.... :)
     
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    леле и јас си имам дневник стварно многу ми значи ..но кога заминав на факс ск си го оставив дома и сега неможам да си го најдам :( :( дали јас сум го сокрила толку добро што ни сама незнам кај е или некој го пронашол НЕЗНАМ! ама си го САКАМ НАЗАД :( :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Имам неколку тетратки, 2-3 се баш она личен дневник (освен делот што НЕ почнуваат со Драго дневниче и Добра ноќ дневниче) :lol: ама опишани ситница до ситница, кој како бил облечен, кој што рекол, па школо, па излегување, детска работа :D Има и по некоја песна внатре и сликички, убави работи. Си ги чувам во едно ковчеже во собата и кога сум осамена или тажна ги вадам понекогаш, читам и се смеам, се чувствувам како да ги пишувал некој друг, а не јас. :)

    Имам и неколку тетратки, ама тие се исклучиво поезија во облик на проза (ко Тагоре) :D Пак и тоа го сметам за некој вид личен дневник, какви ми биле емоциите во моментот такви се и песните ;) Важно се е педантно, со датум и година и време/час...
    Сега не пишувам ништо, Femina очигледно ми стана личен дневник ;)
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    уште од прво одделение, наставничката проба да ни ја всади навиката да пишуваме дневници. кај повеќето не успеа, кај мене да.
    од прво одд.па до сега пишувам дневник, порано поредновно, сега кога имам време или сакам да си направам самоанализа. мене пишувањето стварно ми помага, ме опушта, и некако полесно ми е да се справам со ситуации и емоции.
    имам можеби 6-7 тетратки, тевтери , испишани од почеток до крај и понекогаш си ги отварам и си читам и се смеам на работите што сум ги пишувала :D
    како и да е, сметам дека е убава навика :)
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    а инаку секогаш сум се прашувала што ќе стане во иднина со моите дневници?! :^)
     
  7. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Водев дневник во основно се до 1ва година средно и го чувам добро скриен па се потсетувам некогаш на тие времиња и доживувања. Моментално не водам дневник а главната причина е тоа што се плашам дека ќе ми прочита некој од домашните :angel: ...
     
  8. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    хаха си го пронајдов дневникот да не ме мислите хеххее :D :inlove:
     
  9. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    Си водев јас до пред неколку години, песни си пишував, проза поезија што ќе ми текнело :)
    А за читање на туѓи дневници да...имам прочитано 2 дневниказ :$
    Морав беше посилно од мене хаха
    Знам мојата бфф имаше напишано дека страшно сум ја нервирала ( тоа кога бев 5 одд мислам)
    И тогаш и се скарав без причина :devil: :devil:
    Потоа 2 дневник беше на мојата братучедка која ми е како сестра
    Имаше пишувано за симпатии, за дечковци и си решив да ќутам :D
    Ама еднаш ме изнервира и ја уценував дека ќе ја кажам на мајка и хаха
    Ееее лудо дете :devil: :devil:
     
  10. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    хаха откачена си :) ама мојот дневник некој да го прочита уууф ќе падне ќотек :D
     
  11. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    значи ова ми е навика уште од многу мала.
    илијадници страни имам испишано, обично сум пишувала за нешто што ме мачи во тој одреден момент.
    за мојата прва љубов имав напишано 5 големи тетратки и ги запалив :D
     
  12. Jacy

    Jacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    9
    pisuvam dnevnik od mojata 14 god ,porano sekojdnevno a posledniev god samo koga ke mi nadojdat emocii .... Odvreme navreme znam da se "preslusam"da si gi prolistam starite tetratki i taka mi se slucuva da ja najdam greskata sto sum ja napravila togas za da mozam da ja odbegnam sega
     
  13. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    И јас пишував дневник, ама мама ми го најде......почна бомби да фрла на кај мене...........леле кој проблеми ми ги направи тој дневник.......................сега не ни текнува таква работа да фатам! За мама не постои катинар......знае таа све до клучеви....и разни работи само да го отвори катинарот......... :tmi:
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Пред 2 недели сакав да ги запалам сите дневници. Добро што не сум го направила тоа. :tmi:
     
  15. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Истово ми се деси и мене лелееее коа ке ми текне :D
     
  16. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Класичен дневник не водам....Но затоа постојано си запишувам во тетратка некој стихови кои сум ги слушнала или сум се сетила на нив во моментот.Почесто знам чувствата да си ги преточам на лист хартија во вид на песна или пак приказна,кои најчесто се во трето лице.Тетратката си ја чувам во една кутија од чевли во која си ги чувам и некои работи кои ми будат спомени,без разлика дали се добри или лоши.Кутијава заедно со се што крие во неа ќе ги запалам еден ден кога ќе бидам мажена,бидејќи не сакам некој да ми ги открие најдлабоките тајни и чувства.Ќе дозволам да се претворат во пепел.Сепак во мојата глава секогаш ќе останат....И ова сакав да кажам-досега мајка ми еднаш ја има најдено кутијава и прочитала од тетраткава многу малку од моите лични дела,ама затоа ми ги видела сите предмети и глупости што беа внатре и после дома беше веселооо :D Со денови прашуваше зошто ги чувам и што ми значеле.Хух секако дека не и кажав :D
     
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    Како помала имам водено многу дневници или оние наши лексикони :D .Како си поминува времето тие се пикаат од еден во друг ќош и кога ќе стигне некогаш до кај мене и кога ќе земам да го читам се кинам од смеење,значи што уште си немам пишувано.Вака сега како поголемка не ми текнало,но сепак кога ми е тешко и нема на кој да се искажам на бели листови пишувам или во некои тетратки и се разбира по некој ден или недела кога ќе помине тагата тие се кинат и во ѓубре а еден дневник уште си го чувам и лексикон и дневник ми е и во село треба да имам нешто ако не е фрлено :)
     
  18. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Имам дневник во кој пред неколку години го раскажував секој божји ден ама веќе подзаборавив да го правам тоа за жал :worried: ...сега само ги пишувам деновите кои ептен ми оставиле голем впечаток :)
     
  19. martina.d

    martina.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2
    Го имав, но мајка ми го најде, се изнервирав бидејки имав пишувано мои интимни тајни . Го запалив ! :( Проблеми си имав заради дневникот и веќе нема шанси да почнам нов ! :@
     
  20. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Имав два дневници и двата завршија во оган, како што заврши и љубовта кон тие двајца кои најмногу се спомнуваа во дневниците. Имам само една тетратка каде што си пишував некои љубовни песни и раскази слични на оние кои ги имаше во "Наш свет", рубрика "Вљубени страници" -кој читал знае и од време на време ги потчитнувам и се сеќавам на моментитекога сум ги пишувала. А за дневниците, па паднале во рацете на сите дома и сите ги исчитале. И бев лута на тие што ги читале,а истовремено ми беше и страм од сета таа љубов искажана на страниците :lol: :lol: :lol: