Имам дневник во кој ги запишувам најважните и најитересните моменти,некако ми е без веза да пишувам секој ден во колку сум станала,што јадев.......затоа ги пишувам оние моменти кои ми оставиле најголем впечаток.
Пишував цо основно одд, мајка ми ми го прочита целиот! и беше мнооооооооооогу лошо! После пак си пишував еден во средно ама само во некои денови што ми биле побитни, тој пак ми го прочитал дечко ми! И само проблеми! и тоа во истиот тефтер ми се случи! Ги изфрлив, запалив тие страници... Немам убаво искуство со дневници, нема веќе никогаш да пишувам!
Цели две години водев дневник. Имав убава сина тетратка со дебели корици. Почнав да го водам некаде од средината на осмо одделение се до втора средно, кога се потрошија страниците. Едвај чекав да го допишам. Веќе ме мрзеше да го водам. Го криев колку можев повеќе затоа што внатре имаше сочни информации до кои на мајка ми не и беше тешко да се докопа. Џабе го криев секогаш го наоѓаше. Таква е, душкало се сака да знае, а знаејќи дека и не бев некое мирно тинејџерче... Пред една година го искинав и фрлив. Несакав некои работи да се дознаат, а од таму беше лесно. Ризикував многу ако не го искинев. Мирна глава сега. Нити дневник, нити проблеми.
Во последно време вака правам, инаку во седмо, секој трет ден пишував и тоа повеќето се глупости. А моите го немаат најдено-за среќа, иако мајка ми знае дека имам дневник. А и не го чувам на некое посебно скришно место, ама моите не се многу љубопитни.
Мојата глава е мој личен дневник. Само јас знам што се има таму и никој не може да ми провали .Понекогаш тие лични дневници можат да станат проблем
Убаво кажано. Како што прочитав, скоро на сите мајките им го прожитале дневникот( што за мене е несфатливо и сосема погрешно), а во главата никој нема да ти влезе, ако не му дозволиш.
Ова ме потсети на времето кога водев дневник (некаде од 5-то до 8-мо одделение или 1-ва год.гимназија). Штета што не ги зачував и ги фрлив сите тетратки, баш ќе се смеев кога ќе читав што глупости сум пишувала
Па стави го на место кај што нема да и текне да го бара. Или кажи и , дека тоа е твоја приватност и дека нема право да го чита. Немој да и дозволиш да дојде до него.
Баба ми додека беше жива ми раскажуваше за нејзините дневници од младоста кои ги водела од детството, па се додека не се родил татко ми. После тоа немала многу време за дневникот и престанала да пишува. Тоа биле неколку книги, значи еден најубав период од нејзиниот живот бил преточен во неколку тетратки кои си ги чувала во едно сопче каде што се чувале стари книги и списанија. Кога се оженил татко ми, мајка ми и баба ми си ја поделиле работата во куќата, мама да чисти, а баба ми да готви. Еднаш баба ми ја видела мама како ги листа нејзините дневници, додека го чистела тоа сопче. Ништо не и рекла, а мајка ми била премногу млада, радознала (на моја возраст, значи сеуште дете и како да и се развика..) Ги собрала баба ми сите дневници и сите до еден ги запалила...Не знаете како сум плачела кога ми го кажуваше ова. И таа плачеше..Но ми рече, немав каде да ги ставам. Јака ти душа Изадрквин што си го направила тоа и што не ти е криво. Јас не би направила такво нешто..Тој дневник би ми бил мој животен роман, од одреден период од животот. Еден ден ќе се смеам на глупостите што сум ги правела и на се лошо што ми се случувало ќе гледам како на едно големо животно искуство. Ми е криво што не продолжив да водам дневик, многу сакам спомените од средно да ми стојат напишани во моментот кога се случиле..Можам и сега да седнам да изнапишам за тие времиња, но не е тоа тоа. Пишувањето е одраз на чувствата во моментот. И еден ден најинтересните случки ќе им ги читам на моите деца и внуци А и добро е да дојде како еден вид празнење на душата од нервози. Можеби некогаш ќе почнам да пишувам...
^^ убаво го кажа ова, празнење на душата од нервози и тешкотии, баш е така. Секогаш после пишување се чувствувам полесно. Исто така, многу жално што баба ти ги запалила дневниците, ама можам да ја оправдам. Да се ставам во позиција на стара жена и јас можеби би го направила истото. Не можам да си замислам некој да ми го чита животот како да е некоја приказна, а јас сум поминувала низ сето тоа. Дневниците си ги чувам далеку од сите,и тоа се оклу 5 тевтери, големи со дебели корици. Моќеби ќе ги оставам некој ден моите деца да ги читаат, да видат како сум растела, да научат нешто. Но, кога ќе остарам и веќе нема да знам како ќе завршат дневниците, подобро да ги изгорам. Мојот живот е мој, нема зошто после мојата смрт да го делам со луѓето. барем, така мислам
Јас имам дневник уште од мала. Знам дека еден запалив бидејќи имаше многу лоши спомени ама другите ги чувам. Некогаш ме нервира кога ќе поминат неколку месеца а јас не сум запишала ништо ама тоа е кога ништо не се случува. Мама знае за дневникот и не ми го чита бидејќи нејзе мајка и и го читала и знае како е... Па така да и да стое сред соба безбеден е бидејќи никој друг не знае што е. А кога ќе ми дојдат на гости дневникот право во собата на мама бидејќи имам многу љубопитни другарки.
Ме замисливте сега со темава...Моментално се наоѓам во тежок период, допрва ќе доживеам пресврт во животов..Па би било добро да започнам со дневник..
пишував ... ама приватноста неможев да ја одржам ... брат ми секогаш ми го бараше каде и да беше, мораше да го најде .... бараше низ целата соба имаше и катанче со клуч, ама малку се гледа, иако е заклучен .... незнам како може да биде тоолку љубопитен и тоолку радознал, сака се да знае .. па тоа е моја приватнос бее еејјј .. ама на кој да кажеш инаку убаво беше, на дневникот можев да му „кажам“ се .. дали сум тажна, среќна итн. ..
Можеби некој нема да се согласи дека ова е дневник но доколку некогаш немате ама баш никаква попаметна работа и ви е досадно ѕирнете го линков... http://nistoposebno.blogspot.com/ Од време на време може да прочитате мислење на разни теми !!! Повелете ѕирнете !!!