1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични дневници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bright, 17 февруари 2010.

  1. Flos

    Flos Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Mене мислам дека дневниците поточно хартиените слушатели ми имаат помогнато многу, посебно во еден период кога бев далеку од пријателите и од фамилијата а кога не беше толку достапен интернетот...ми текнува кога си пишував дневник во основно измислував дури и посебни азбуки со симболи и си пишував со тие мои симболи за не дај боже :D ако некој ми го најде да не може да ми ги прочита тие мои големи тајни...инаку дневниците си ги оставив во мојата ex-домичка,тие се моето минато, понекогаш прелистувам по некоја страна,за нешто ќе си помислам ,,леле,која депресивна будала сум била,, ,за нешто ке си се насмеам , а инаку главна и одговорна за нивното грижливо чување е мy one and only sis :)
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Водев дневник па прекинав :lol:
    Потоа татко му на бившиот ми подари многу убав тефтер,па тој ми даде инспирација да пишувам за бившиот и за моментите поминати со него.Но,сега сметам дека е потполно непотребен :(
     
  3. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Еј, тема за дневници :) Интересно :up: ! Водев дневник во 6 одделение ама после година,година и пол прекинав. После го најдов во прва и се ужаснав од тоа колку сум била негативна, наивна, изгубена,депресивна :| не можев да се препознаам дека ДА! тоа сум јас, тоа јас сум го мислела и пишувала,а дека поминати се само 3 години... и ...го искинав :) тогаш сум била како старо-мало и се си клавав на срце, за разлика од сега кога сум се спротивно на тоа што бев!
    Кога сум изнервирана или повредена пишувам, ама не дневник како дневник со датум, имиња и објаснувања туку како со шифри, со компарации, метафорички не потенцирам имиња и места во случај некој да го најди да не можи да открие што навистина мислам и чувствувам :D
     
  4. Monna99

    Monna99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    5
    Јас си водам дневник од 4то одд.Немам многу напишано,бидејќи немам време и секогаш ме мрзи да го пишувам :D
    Но,затоа за да се сеќавам на нешто,купувам нови и нови тетратки и во нив цртам,лепам слики,пишувам приказни,песни.Имам и една љубовна тетратка и во неа има се и сешто(но не за мене) бидејќи не ми е многу сигурна,немам кај да ја скријам,а и никогаш на никој не кажувам :)
    Интересни ми се овие работи,бидејќи кога ќе ги прочитам ќе ме потсетуваат на многу моменти :)
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Имав еден дневник од 5то одделение и не пишував многу во него.. по извесно време го прочитав и бев ужасната од тоа каква личност сум била.. тажна, депресивна и без карактер... го скинав и го фрлив. Потоа почнав да пишувам од 7мо одделение, пишувам често и она што мислам дека е важно во мојот живот и што сакам да го паметам цел живот... интересно ми е да го листам назад и да се смеам на интересните случки. Многу работи се смениле во мојот живот и среќна сум поради тоа :)
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    91.477
    Пол:
    Женски
    Имам дневник. Го почнав кога бев 7 одд. и пишував секој ден. Кога пишував му се обраќав со Хипи. Тоа секојдневно пишување беше до 2 год. средно, потоа на 3,4 дена, а сега веќе 3 години не сум напишала ништо. Често го читам и си се смеам што сум пишувала. Но, убаво е чувството, кога ќе си ги прочитам сите палавштини, симпатии, плачки, па и радувањето кога ми дозволувале половина час повеќе надвор. Можеби некогаш ќе продолжам пак, како повозрасна, со поубави мисли.
     
  7. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Дневник водев цело средно, значи 4 години секој ден, за деновите што немаше што да се напише , пишував не се случи ништо особено, но имаше и такви каде што 4 страни не ми беа доволни. Приватност немав, колку и да се обидував да го сокријам, сестра ми и брат ми го наоѓаа :lol: Сега ми е многу интересно кога ги читам, и си викам леле колку работи би направила поинаку, на некои работи се смеам, на некои плачам, се на се никогаш не би ги запалила. Ќе си ги чувам за стари години да се подмладувам 8)
     
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Ако може да се нарече дневник еден нотес кај што ги бележам само настаните кои навистина ми биле битни,интерсни ситуации кои ми оставиле впечаток тогаш да:)До пред некоја година (кога бев тинејџерка) си водев дневник и сега кога ги прелистувам страниците уживам....Да се потсетиш на некои дешавки,да видиш како си размислувала за некои ситуации кои сега ти се смешни...

    Убава работа во секој случај :lol:
     
  9. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    хахах .. имам дневник
    само навика ми е да пишувам
    "извини дневнуку, долго време не пишував "
    му се обраќам како личност затоа што прифатив од еден филм. сега не пишувам толку детали но порано дури и часот сум пишувала,...
    "сега е 20-23h " :rofl:
    кога обраќам назад која од која страница поинтересна по различна. Во едната сум среќна, на другата плачам. и се тоа поминало и ке поминат и многу други работи.. затоа не вреди што некогаш сум се нервирала :rofl:

    иако понекогаш го оставам на видливи места сигурна сум дека никој не ми го прочитал..

    како на шала ми е
    ама од прва стварно ке си водам дневник.. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    24
    Водам дневник од 6 одд,жал ми е што до лани ги палев,ќе си се смеев барем сега.
    Кога ќе ги запишам работите што ме мачат ми олеснува на некој начин,мило ми е кога си ги читам работите што ме измачувале и смешно ми е понекогаш за што сум се замарала... :)

    Пинк и јас му се обраќам,многу си го сакам. :inlove: :D
     
  11. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Имав неколку неуспешни обиди и баталив,што не ми идеше,не ми идеше,смешки бев што глупости пишував :lol: :rofl:
     
  12. girlwithtatoo

    girlwithtatoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Од 2000 година активно си пишувам мој личен дневник. Случки, мои размислувања, коментари. Кога ми е најтешко само мојот дневник ми е спасот. Таму пишувам и работи кои ни најдобрата другарка не ги знае, едноставно тоа ми помага кога сум нервозна, му се отворам и му пишувам се, и многу ми е полесно. Веќе имам испишано 3 големи дебели тетратки. Единствена желба ми од сите тие тетратки и работите во нив да си напишам една книга за мојот живот. :)
    Јас едноставно не можам без мојот дневник, кај и да сум и тој е со мене.


    Едит:
    Мислењето е променето од страна на модератор.

    [mod-kirilica:16bb2w5c][/mod-kirilica:16bb2w5c]
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Дали знаете некоја страна на интернет каде што можеш онлајн да пишуваш дневник (достапен само за тебе) или пак да се симне програма Дневник? :)
     
  14. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Секогаш сум правела дневник..но би се откажала..уствари имам еден споменар(така наречен Notebook)
    и еден "KО" дневник со многу малку страници потполнето..едноставно секогаш се откажувам и после тешко е пак да се натерам.. :(
    А баш би сакала да имам еден така поголемичок и дневник и споменар..да ги најдам по некое време..да видам како,што сум пишувала :)
     
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    и јас пишувам, се трудам се почесто, ама понекогаш стварно таков ми е денот, што неможам да пишувам во дневникот.. и јас му се обраќам како на личност „извини драго дневниче, поминаа 2 дена откако не сум ти пишувала...“ и старно сакам кога ќе сум голема, да го пронајдам дома и да се смеам на глупостите :lol:
     
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Не сум пишувала дневник,само заради страв од тоа некој да не ми го прочита...
    Али затоа имам напишано повеке од 200 песни,т.е. поезија...и си ги чувам и сеуште пишувам.
    а сакам да си создадам некоја навика да си пишувам дневник,но не знам како да си започнам...
     
    На Gunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    23.954
    Пол:
    Женски
    Еден период како помала си пишував Дневник ама тој период траеше доста кратко од причина што кога еднаш седнав да прочитам што сум напишала претходно , си реков: "Абе кај ти беше паметот тебе тогаш, како си можела така да размислуваш :fubar: !" , се изнервирав и истиот момент престанав да пишувам повеќе... :D
     
  18. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Кога бев 7мо 8мо одд почнав али мислам дека само 3-4 страни напишав и го баталив. Немав ни живци ни време да седнам и да пишувам. Сега кога ќе размислам би било убаво да имав нешто такво и да си го читам да видам баш што ме замарало тогаш, како сум размислувала, за што сум се нервирала зошто краткотрајно ми е памтењево па на малку нешта се сеќавам од тој период али то е никој не ми е крив што си сум мрза. Што убаво ќе беше да си имав некој- јас ќе му диктирав, а тој да пишува :)
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.941
    Пол:
    Женски
    Пишував, да не кажам и зависник бев од нив. Од 2ро оделение некаде, до пред 2 години. :lol:
    Имав испишани едно 10тина дневници, од кои 2-3 ми ги има прочитано мајками |( Едноставно после секој ден ми беше навика да седнам пред тетратката,и да изнапишам се. Од збор до збор.
    И симпатии......Ех деца. :D
    Сега кога ќе начекам некои обавезно ги читам,многу ми се интересни,посебно кога сум го опишувала првиот бакнеж. :lol:
     
  20. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Личен дневник пишував кога имав 15 години! Имав сива голема тетратка, со дебели корици, а внатре интимности и дати испишани со мојот смешен ракопис! На почетокот кога почнав да пишувам запазував детали, пишував по неколку страници, внимавав да се искажам во целост, подоцна почнав да се задржувам само на битните случувања од денот....па продолжив да ги пишувам во дневникот само они денови кои нависитна ќе ми се случеше нешто значајно, на крај почнав да пишувам од формалност, пишувањето ми стана здодевно...и сфатив дека е време да престанам со мојата исповед во таа тетратка! Всушност тетратката беше испишана цела, отприлика дневникот го пишував 2 години и тоа беше периодот кога го фатив првиот дечко, првиот бакнеж, првите кавгички, првите нервози, безначајни и значајни случувања кои сега веќе ги немам испишани во таа тертака! Тетратката ја искинав и ја фрлив кога бев малце поголемка и помислив дека нема потреба да ја имам! Можеби не требало,ете баш сега у моментото радо би ја листела и читела содржината на мојот живот пред 8 години ама немаа...
    Сега не би се осмелила да пишувам дневник, особено не дневник во компјутер...