Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични дневници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bright, 17 февруари 2010.

  1. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Дневник пишувам 6-7 години наназад, но тоа не е секојдневно туку можда неколку пати месечно... и пишувам случки и некои битни работи за мене... Најсмешно ми е кога ќе прочитам што ми се случувало порано, па и како сум размислувала хаха комедии :) Иначе најубаво е според мене да пишуваш на хартија, имам и околу 200 стр на компјутер... ама стариот начин ми е најдобар :!:
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Имав повеќе неуспешни обиди за секојдневни записи на случките во дневник, па се решив да пишувам повремено, па ме фати мрзата и се откажав. А си ги чувам тетратките и интересно ми е кога ги читам, се потсеќам на некои заборавени работи кои толку детално сум ги опишувала :)
     
  3. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Немам дневник, но кога бев трето одделение започнав да пишувам и пишував 4-5 години. Денес одвреме навреме го отварам дневникот да прочитам нешто и си се смеам на глас. Колку интересно. Навистина е забавно после извесен период кога ќе почнеш да читаш, што ти се случувало во минатото. Особено во оние детски години :D :D :D .
     
  4. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Водев дневник во 7мо одделение и беше интересно се додека една вечер не го заборавив на биро и брат ми да ти земе да ми го прочита цел и одма на моите....фешти беше после :) Од тогаш не ми паѓа на памет!
     
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Водам дневинк од 6 одделение , во убав тефтер , со катанче , и запишувам за секој ден , тажни и среќни моменти , пријателства , ситници кој за некого се мравка , а за мене слон . :D
     
  6. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Би сакала да пишувам дневник и да СУМ пишувала ..
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пишувам дневник секако порано рачно а сега на компјутер
    кога ми е тешко ми олеснува
    кога сум срекна го споделувам тоа со него
     
  8. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Едно од најглупавите, најдосадните, најбаналните нешта е мојот дневник. |(
    Обично само кога ми е преку глава пишувам во него па каде и да завртите преполно е со натажени, или налутени смајлиња :devil:
    Па затоа не е пожелен да се чита, случајно читателот да не добие некој удар од толку плачење, цимолење, жалење.
    Морам некаде да се искажам. :|
    А среќните случки си остануваат во мене, бидејки тогаш немам потреба да се искажувам. :D
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Пишував дневник од 7мо одделение до кај 2ра година средно, после ваљда пораснав, почнав да искачам, да бркам дечковци и чат пат пишував, денес кога читам ми е многу смешно какви размислувања сум имала... дете, дете...
    Денес знам да го отворам само кога сум во некој бош период, ама не раскажувам што ми се случило, туку пишувам песна, или расказ, и го користам дневникот за творење затоа што петтиот тефтер наменет за дневник остана повеќе од пола празен, па ај да го изнапишам, сепак се` е мое дело во тие 5 тефтера што ги имам ... :)
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Почнав да водам дневник негде 6то одд. И си пишував секоја вечер откако ќе ги убедев моите дека многу ми се спие. Но една вечер, си го земам пенкалцето и тетратчето, почнувам да пишувам и слушам како некој иде накај собата. Го кријам под перница ама веќе беше касно. Мама влезе и го виде. Ми побара да го прочита, а јас ни 5 ни 6 одам во кујна и го палам. Да, го запалив. само за да не прочита што сум пишувала. И оттогаш не сум пишувала...којзнае, можеби еден ден повторно ќе почнам....
     
  11. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    јас водам дневник одкако памтам замене мислам 3 одд така нешто....мн ми беше интерено кога ке видев што сум пишал некаде после неке време и така уште од мала решив да пишувам...одпрвин незнаев како па повеке тоа што го пишував беа глупости али интереесно ми беше мене хехех....после тоа 6-5 одд више почнав да водам сто би рекле посаглам дневник пишував за поважни настни што ми се случиле....после тоаа во 2 год почнав да пишувам секој ден иако не ми се дешава ништо посебно пред се си го опишував денот од утро до навечер некогаш ако немав врем и прескова некој ден али претежно редовно беше тоа си го пишував во тефтерцинја мн интересни т.е споменари што ги викаме..после тоа пишувава на п.ц и сега пишувам али откак ми се избриша дневниците на п.ц мн се разочарав и се помалку пишвам...али како и да е интересно е и занимација...плус ос тек на врем и гледас колку си созрела се запознаваш подобро.....ако имаш некои цели поставени до каде си ги исполни и така....:)))
     
  12. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Водев дневник 10 и повеќе години, не се сеќавам и јас точно, и уживав во тоа.. Мислам дека со мојот дневник пораснав и созреав на некој начин... Сметам дека доколку искрено се пишуваат доживувањата и размислувањата, дневникот е добар начин да се запознаеш себе си, да го запознаеш она што навистина го носиш во себе, онаа страна од карактерот која можеби никој не ја знае...или ја знаат само најблиските...
    Имам напишано повеќе од 15 нотеси, и дел од нив се уредно спакувани и запечатени и не ми се отворени долго време, а другите се низ фиоките...и понекогаш читам некој дел... на нешто се смеам до солзи, на нешто повторно ќе се замислам за тоа што сум го напишала...
    Не верувам дека некогаш ќе можам да ги уништам сите тие нотеси, си ги чувствувам како дел од себе... а дали ќе ги дадам на некој да ги прочита... :?: тоа не знам... не сум размислувала... :)
     
  13. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    ДА! Имав дневник.. и тоа си пишував секој ден во него(па макар и по 2-3 реченици) од шесто до осмо одделение но....еден ден, ја видов мајка ми како го држи во рака (голем, кафен тефтер)и ме праша што е ова?! :o јас и го земав и и реков- моја лична работа, не е за секого и си излегов од собата. Беше многу лута (поради сите работи напишани изгледа во него, а јас бев навредена што чепкала во моите ствари, иако до ден денс тоа го прави :devil: ). Уште истиот ден си го излепив убаво дневикот со трака селотејп и го фрлив во контејнер.
    ( не знам што мислев тогаш, дека ќе си го барам по неколку години во депонија? :lol: но не сакав да го запалам)

    После тоа..паа.. пред некоја година, со бившиот кога бев си запишував кога имав некои денови што сакав да си ги запаметам, или па смс што ми ги праќал ама на документ во компјутер... кои секако ги избришав неколку месеци од разделбата. (документот го избришав, но не и деновите од сеќавањето) :)
     
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Убави ми беа времињата кога си пишував дневници но за жал сите отидоа во оган, и сега се каам нормално, жал ми е најмногу за дневникот што почнав да го пишувам кога се запознав со маж ми, за тој дневник најмногу жалам беше опишан секој детал , секоја порака , секој повик-минута, секунда, песни за него, моментална состојба изразена во проза, поезија буквално се ;( ;( , иако мајка ми никогаш не ми буричкаше низ моите работи сепак постоеше некој страв во мене, замслите мајка на 18 годишна да прочита имавме секс 3 пати таа вечер па таа поза па оваа, а ме мислеше многу мирна :lol: :lol:
    Сега добив желба да пишувам дневник :?: , па ќе се сеќаваме кога ќе остариме .зошто па да не
     
  15. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Пишував дневник порано а и сега сеуште пишувам кога ќе ми се случат некои убаво моменти кои кога сум тажна сакам да ги читам . Пишував за некои мои бифши , за Нова Година и тоа се до најмал детал .Како сум била облечена кој како ме погледнал , потоа каде сме заминале дека ми се скрши штиклата , имам залепено некои слики од драги личности , мои другарки кои се од други градови ( можеби и тука има некоја ) :) никогаш не се знае нели...
    слики од кога сум била помалаа..и обавезно кога го пишувам дневникот прво му давам наслов со допирната точка ..исто кога сакам да кажам нешто што не ми се допаѓа кај некоја другарка, а не сакам да ја оговарам , тоа го запишувам во мојот дневник за кој само јас знам и ми стои во полицата со моја збирка на книги и никој не ми отвара таму , а и има посебен клуч :)
     
  16. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    водам дневник од пред 4 години...ама ги запишвам само најважните моменти во посебен тефтер(по неколку реченици или по цели реферати,во зависност од инспирација 8) ), и мислам дека досега никој не се обидел да го отвори и прочита :lol: .барем мислам дека не ми буричкаат во мите работи :)
    иначе никогаш не би го исфрлила/запалила мојот дневник...а дека би им го прочитала на моите деца,секако :) се надевам дека ке извадат поучни работи од него :wasntme:
     
  17. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Водам личен дневник уште од 5 одделение, но овие 2-3 години, не го користам интензивно затоа што немам доволно време за тоа, сменив неколку тетратки, со цветчиња, срциња ...бла бла
    Интересно е сега кога го читам тоа што сум го напишала во 7-8 одделение, оние години прва симпатија, прва бакнеж, љубоморна другарка, сокласничка... единица или петка во училиште ... :)
    А сега ова facebook ти е личен дневник, споделуваш се` и сешто ... но сепак интересно е да си водеш дневник. А и на времето споменари и слично. :)
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Јас водев дневник од 1,2одд :lol: тогаш сум пишувала глупости-со оваа си играв,ова имам за учење итн итн....потоа во основно од 6,7одд сум почнала позрели работи да пишувам за симпатии итн....пишував скоро секој ден се до пред 2-3год.тогаш почина татко ми и некако не ми ни текнуваше да пишувам...и потоа ја изгубив навиката...имам мнооогу дневници и сите си ги чувам,честопати си ги читам ,се потсеќам на убави и неубави работи,ми будат различни чувства и мислам дека никогаш не би ги фрлила.си ги чувам на ептен тајно место и никој не ми ги знае ;)
     
  19. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Водев дневник до пред една година. Но еден ден, кога ми беше смачено од се... го зедов и го запалив :)
     
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Најновото мое изумче е да си направам ваков дневник, ама баш ваков. Со налепници и интересни работи.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    :inlove:
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.