1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични дневници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bright, 17 февруари 2010.

  1. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    :) години нанзад писувам,но оваа некако го запоставив , узивам да пишувам и после некој одреден период убаво е да отвориш и да се присетиш што било како било , па насмевки сејќаванја, :lol: не водам класицен дневник во смисла денес TOJ I TOJ DATUM ...тинтириминтири,ами оние работи кои сто сематам дека треба да ги ставам на лист хартија,кои сакам да останат засекогаш во моите сејкаванја многу сакам кога описувам карактерно за ликовите кои се спомнати во самиот дневник знаци обозавам за карактеристиките нивни да пишувам...
     
  2. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Ах да, пишував до некаде 2-3 година средно. Потоа престанав, нели сплет на околности, да си тинејџер не е лесна работа :) Баш се сеќавам дека пред скоро време ги пронајдов моите дневници додека ги чистев фиоките и фрлав непотребни работи. Седнав, ги прочитав сите до еден и умрев од смеење. "Драг дневнику......" :rofl: Во секој случај, симпатично нешто, верен чувар на сите спомени и тајни. Па во него пишував разни песни и раскази, цртав цртежи со боички, фломастери и светлуцави работи.... Прекрасно нешто!
     
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Пред некое време и јас почнав да водам личен дневник....Не е нешто којзнае што во обична тетратка пишувам датите и ако нешто важно ми се случило ќе запишам...Iнтересна работа било....Веќе на пола оди тетратката напишана...Во фиоката најоздоле ја ставам кој може да ми брка по фиоката а и без тоа повеќе пишувам како фрази а не што ми се слуќило :D
     
  4. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Имам, но во последно време некако и немам доволно време за редовно пишување. А би сакала, има толку моменти кои што не можеш секому да ги кажеш, а тебе ти е потребно да се испразниш и да ја исфрлиш сета болка и негативна енергија која ја чувствуваш... Инаку не ми е "класичен" дневник, многу често се тоа лирски песни и раскази :rofl:
     
  5. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    почнав да пишувам дневник негде на крај на 6то одделение..и уште пишувам во него..на почеток пишував скоро секој ден..пошто ми се случуваа многу работи..не дека сеа не ми се случуваат..али неам време и ме мрзи секој втор дена да седнувам да пишувам..затоа барем еднаш во месецот си пишувам за се што ми се случило..
    иначе никој ми го нема порчитано..уште да ми го прочитаат и готово..ке умрам мислам..хаха какви глупости иам пишувано..некој ке си помисли дека сум луда..:D
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Веќе 3 години редовно си пишувам дневник ама во последно време почнав да го запоставувам некако. Се и сешто си пишувам во дневниците, после некое време ги отварам ги читам и се смеам. :D Не ги пишувам само најважните моменти туку и песни, раскази... Инаку дневникот го кријам од сите и би полудела од нервоза да го прочита некој. :D
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Пишував кога бев помала, но како одминуваа годините така се повеќе ме мрзеше, заборавав и се откаѓав. Сепак убаво е и мене лично многу ми се допаѓа да си водам свој личен дневник.
     
  8. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    досега имам испишани цели 2 дневника :o хаха и сега го пишувам третиот но ме мрзи . Пишувам само од време на време накратко што ми се случувало , или кога нешто ненормално интересно ќе ми се случи :lol:
    Сакам коа ќе пораснам да си ги читам и да се смеам :)
     
  9. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    сестра ми имаше дневник, и интересно ми е да читам (тие се дневници од средно, дозволено ми е да ги читам) :P
    А јас сама никогаш не сум имала дневник, сакам да си запишам по нешто, но да е кодирано :)
    многу си ја чувам приватноста :D
     
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Пишував дневник кога ми беше најтешко, во моемнт на криза, депресија и стрес. Тогаш само на дневникот му се ‘истурав‘ и си ги преточував нервозите во зборови. Дневникот без да го заклучам со катанче(во тетратка пишував) има приватност, не го кријам, ама никој не смее да го пипне.

    Сега откако помина цела ситуација, немам храброст да го отворам да прочитам што сум пишувала :?: .

    И немам вака обичај да пишувам дневник за секој ден или пак поважни моменти, сето тоа е врежано во мојата меморија.
     
  11. Lilian

    Lilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Сум имала повеќе дневници порано,како помала. После неколку години кога ги прочитав,слатко се изнасмеав. Некаде во седмо одделение почнав да си пишувам пак и тоа за се и сешто. Нормално,за чувства,ставови,мисли итн. Еден ден,кога ми беа на гости другарките,не знам ни самата како,го нашле и прочитале. Ги фатив и бев многу разочарана и лута. Од тогаш,не пишувам дневник,а можеби би можела,би ми годело.
     
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Почнав да пишувам дневници многу рано и секогаш ми беа во шарени тефтерчиња...Имам 7 дневници, а го пишувам осмиот.Надолго и нашироко раскажувам што ми се случило, заедно со моите чувства и мислења.Дневниците ги чувам скриени и веројатно ќе се ги чувам се до еден ден кога ќе треба да ги дадам на некого или ќе треба да ги фрлам ;(
     
  13. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Едно време почнав да водам дневник али ме фати мрза. Инаку убава работа е, си ги искажуваш чувствата без да се замараѓ како некој ќе го свати тоа и какво мислење ке има за тебе после тоа.
     
  14. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Еее се насмеав кога ја видов темава. Се сетив дека пред неколку години и јас пишував дневник, мислам беше 2007. Ама пишување беше тоаа :P Од збор до збор. Баш пред некое време го читав и се пресмеав. "Денес станав во 10. Малку се успав..." :D Божеее што ли мислев. Ама ќе си го отворам пак да си се расположам малце. Која ветрушка бев... :lol:
     
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    11.586
    Пол:
    Женски
    Почнав да пишувам еднаш во второ-трето одд. И на пр. ако не пишував денес, си оставав место за тој ден да го пополнам кога ќе можам. Памтев се :lol: . Господ да чува :) . По неколку недели заебав. Ме мрзеше. Имав многу за пишување, многу работи ми се случуваа, зафатено дете бев јас :)
     
  16. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Имав порано кога бев помала кога прочитав што глупости сум пишувала ваква бев :rofl: :rofl: :rofl: , сега не пишувам,но можеби ќе почнам,а потоа ќе го испечатам и ќе биде како книга „Авантурите на Капкејк“ е тогаш ќе знаете која сум. :lol: Почнав од прво или второ одделение и прочитав имав напишано:
    -На школа игравме криш-миж (криенка) ја мижев и на сите ги пљукнав :D (нели кога ќе видиш некој викаш пу-пу _____ :lol: Наум беше скриен зад чумбето, некој друг кај клупата, Викторија кај катедрата. Одма ги пљукнав. Имавме тест по математика се уплашив(уште на млади години по математика живци кинев) решив се сега мислам дека че имам петка. (тогаш мала бев и на дијалект Струшки) :D
     
  17. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Имав порано и си го чував под катанче.....
    Но сега кога реновиравме ми се изгубил некаде....изглда мама го фрзила....не го приметила :(
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не водам повеќе, но водев кога бев помала.
    Се уште кога сакам да се насмеам добро го отварам и си листам страници. :lol:
    Беа неколку на број, не знам како сите завршија во ѓубре освен последниот кој ако некој го чита ќе ми се прсне од смеа.
    Осмо одделение, што ќе се прави. Идиот ипол сум била. :D

    Во тефтер и секако на долго, мора да се каже и цената на пијачката што сум ја нарачала, додека најмногу внимание се обрнало на симпатијата и како тој ме погледнал. |(
    Па тука додека јас се топам што ме видел, а тој несвесно го напраил тоа и не знае дека постојам, јас редам зборови во дневникот и правам како кој знае што да било...

    Приватност? Колкава може во осмо одделение...За мене во тоа време да, биле длабоки приватни работи, сега се ствари кои не ретко ги дискутирам со своите дома. :)
     
  19. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Дневник? -Не.. Преризично е :shake: Али поважни работи си запишувам во мобилниот :)
     
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Никогаш немам водено дневник. Мојата глава е мој личен дневник.