Лични дневници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bright, 17 февруари 2010.

  1. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    55
    Јас немам водено дневник но една моја другарка имаше во осмо мислам и си запишувала се што и се случува. И кога еден ден мајка и го прочитала и така дозна дека има дечко а другарками никако не сакаше да и каже :rofl:
     
  2. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    никогаш немам водено дневник од проста причина што сум мрза ме мрзи да земам да прераскажувам што ми се случило во текот на денот. Се шо е поважно го памтам не ми треба дневник за да се потсекам на тоа
     
  3. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Си имав, си имав дневник на времето.

    Запишував ама баш се. За другарки, за дешавки, за симпатии, па разноразни фантазии и така до недоглед.

    На долго и на широко.
    Дневници се многу интересна работа.Всушност сега кога ќе размислам, би сакала да можам да ги имам и да ме вратат
    во период како детството, кога се ти е интересно и возбудливо.

    Па тоа смеење кога ќе читаш нешто што си пишувал пред пола година, ма сега си пораснал ептен па се чудиш
    ''Леле кое дете'' :D

    Штета сите дневници што сум ги имала на крај сум ги уништувала, од страв да не бидат пронајдени од љубопитни очи.
     
  4. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Кога бев мала си пишував дневничиња со случувања и приказни. Ама неможев да се одчучам точно во кое дневниче да пишувам па пишував во 10 па сега кога читам се ми е измешано. :lol:
    Инаку во план ми е пак да почнам да пишувам. Посериозно. НО, најпрво сакам да си најдам некој убав дневник со убава корица и убава хартија. Имате идеа каде има такви? Имаше во Рамстор едни ама околку 2000 беа, некако не ми се дава толку. :?:
     
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Болна тема ми е ова со дневникот. Неколку години собирам храброст за да го запалам тоа одвратно мое литературно дело во неколку продолженија, пишувано 5-6 години во кое главната личност (после мене секако) не заслужува пенкало од избори за него да трошам а не да купувам шаренки во разни бои.

    МОето посрано дело имаше и читатели. Кај што ме створил Господ таква никаква мајка ми и брат ми на повеќепати го прочитале. Од делот кај што земам дрога до делот кај што се молиме дали да му ’’дадам’’ на тој шо не заслужува еден ред од мој пост а не па роман од цел том.

    Боже дај ми храброст да го оставам дневникот во ВеЦе во деновите на
    пролив
    да ми се најде бар за нешто во животот оти и без тоа луѓето спомнати во него ги бидува само за лижење гз :P :P :P
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    никогаш не сум водеа дневник а мн би сакала, ке ми биде интересно кога ке читам после 10 години :rofl:
     
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    24.964
    Пол:
    Женски
    Сум имала неколку дневници, ама многу брзо ми поминувала желбата. Ке си купев некој интересен, ќе пишував ден-два, и толкуууу, ме фаќаше сафра и ги фрлав или ги палев, тоа ми беше подраматично :D . И така после неколку фрлени/запалени дневници, сфатив дека не се за мене..
     
  8. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    Пишував дневник во периодот од 6-то до 8-мо оделение и сега кога ќе читам што имам пишувано се газам од смеење :D :D Убаво е кога се потсетуваш и читаш што било како било(сепак човек не може се да памти), ги гледаш твоите размислувања..
    Сега не пишувам но поттикната од темава и ќе почнам одново сигурно :)
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Како помала, секој ден пишував девник, го фрлав, и после пак нов. |( И не ми остана ни еден. Ама сега сакам да почнам, да си запишувам интересни случки, и после да си се смеам, колку сум си била глупава. :angel:
     
  10. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Пишував дневник во 5то одделение. Лани кога го најдов и кога го прочитав, се смеев како сум можела тоа да го пишувам, ама ми дојде идеја пак да почнам со водење дневник. Дури пред 3 месеци конечно се наканив и оттогаш испишав 2 цели дневници. Којзнае, и за нив може ќе се смеам за некоја година а може па и ќе ми мине убав топол бран низ телото кога ќе се присетувам на тие спомени :)
     
  11. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Обично, ќе плачам за дневник и кога ќе го купам, само 2 страни ќе испишам и после досадно е. Само пред 2 години, онака го почнав, доста комплициран период ми беше и се што имав да си кажам тука пишував. За неполни три месеци го испишав цел. И еве, го чувам уште, интересно ќе биде да го прочитам по неколку години. :)
    Инаку помалечка кога бев исто водев дневник, ама брат ми еден ден ми го најде, ми го прочита и го запалив. :rofl:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Да,водам личен дневник,во посебен тефтер не на компјутер некако ми е попрактично во тефтер.Сториите си ги пишувам најчесто накратко,но секако ако ми се случи неколку дена поради некои причини да не напишам тогаш си надогнадувамм со долгиии стории :lol: Иначе најчесто обрнувам внимание на проблемите повеке да ми се разработени бидејки така се си чуствувам подобро но секако дека обрнувам внимание и на поважните настани :)
    Секако дека има приватност мојот дневник,никој не смее да го пипни,и никој не знае каде се наоѓа секако.
    Никогаш не би го исфрлила или запалила а за подарување само на личноста која е посветен би можела на никој друг :)
     
  13. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    И јас си водам денвник..веќе 4 години..на почеток бев многу редовна..али сега имам повеќе обврски..и затоа пишувам еднаш во месецот одприлика..иии никогаш не би го запалила..:D
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Пред неколку месеци, мајка ми правела 'чистка' во подрумот и го нашла мојот дневник од тин деновите...Не го прочитала ми рече, и верувам :geek:
    Цел ден го читав и се пукнав од смеење, а тогаш во тој момент и те како не ми било до смеа...Плачки, љубов, кавги со моите, ги мразам, они ме мразат мене, го сакам дечко ми, ќе се смени, ќе бегам со него...
    ...Имаше и прекрасни моменти што нема да ги доживеам повторно-прв бакнеж, прва љубов, другарство, прв концерт со друштво, разговори и филозофирања кои траеле по цели ноќи...
    Добро е да се пишува и еден ден вака да се потсетиш, оти како минува време спомените избледуваат и многу работи лесно се забораваат...
     
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.476
    Пол:
    Женски
    знам прв пат кога почнав бев малечка трето четврто одделение ја видов братучедка ми коа бев на спиење кај неа како пишува пред да легне и сакав да го прочитам ама не ми дозволи и некако ми беше интересно па почнав и јас.
    Ама што може да очекуваш тоа време за да пишуваш нешто во дневник знам пишував некои глупости од типот гледав телевизија играв ова она и сеа тој дневник кој знае кај е.

    Вториот што го почнав е некаде во седмо и уште го пишувам. Е тоа е нешто друго веќе, прв бакнеж прва љубов и се останато дури имам пишувано и пораки што ми ги имаат пратено. тој период имаше интересни случки овој ти се спуштил на таков начин оној вака ти изреагирал и слично а сега дали дека сум во подолга врска и нема нешто ептен интересно да се пишува секој ден ама сепак два три пати месечно си запишувам некои ситници. интересно е кога ке се навратиш наназад и кога ке прочиташ нешто што ти се случило па цела слика ти се јавува пред очи и онака се смешкакш.

    Има доста приватност кај нас дома не се плашам дека некој би ми буричкал низ моите работи иако нема нешто што не би сакала да го дознаат сепак гледам да е ставен на некое помалку забележително место, не планирам да го фрлам или да го запалам од причина што интересно ми е да го читам и да се потсетувам на некои такви случки што ми оставиле впечаток, ама не верувам дека ке го дадам на некого да го чита сепак тоа е моја приватност и сакам така да си остане. :)
     
  16. maci95

    maci95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Имав до пред една година, се додека мајками не го пронајде и не го прочита :fubar: :@ Ми ги прочита глупостите, пијанките опишувани во него..дечковците..тотално се |( Бев и казнета неколку недели поради него :lol:
    Помина тоа.. Го запалив после таа дешавка.. Сега на памет е ми паѓа да започнам нов :tmi:
     
  17. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Да имам дневник и редовно си ја кажувам маката таму :lol: Не пишувам секој ден, туку кога имам да напишам нешто важно и интересно што ми се случило. И да, најважното.. го чувам поради тоа што еден ден ако имам ќерка сакам да и го дадм кога ќе биде тинејџерка :)
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Прво нели почнавме со споменарите :D После памтам и јас накај 7-8-мо почнав со дневниците,па се до прва година на факултет...Многу се нервирав кога мајка ми ќе го најдеше и ми читаше се :envy: ,така да кога почна се со сегашниот мој дечко со кој сме долго време и кога почнавме со интимни работи веќе почнав ништо да непишам пошто нема смисла,неќам пак некој да го најди и се да прочита :devil: Иначе,понекогаш си ги пишам маките,во едни тевтерчиња,ама ретко тоа...Сепак понекогаш е поубаво да напишиш и да се ослободиш.
     
  19. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Порано секое лето со братучетка ми пишувавме дневници :D . Сега не ама интересно е да читаш и да се потсетиш што се си правел. :lol:
     
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден во една кутија збутана во плакар си најдов стари дневници и си се изнасмеав.
    Најмногу ме насмеа мојот начин на размислување. Сум се сменила и тоа многу.
    А сега не водам дневник, иако често знам да си пренесам чувства на хартија бидејќи на некој начин ми помага. А целата идеа за водење дневник ми се допаѓа. Интересна работа, за десетина години на пример кога би се читало тоа дневниче би било интересно. :D