Водам дневник од кога тргнав на операција значи веќе 8 години ги пишувам убавите и неубавите случки имам испишано 16 тетратки значи за секоја година по 2 ги чувам во дрвена кутија со катанец сакам да пишувам некако навика ми стана а и супер е кога ќе седнам и читам каков ми бил животот на некој случки се смеам и сакам да се повторат но на некој плачам и сакам секогаш да останат напишани да не се повтараат никогаш не сум запалила дневник и не сум дала друг да ги чита... Решив дневниците да ги добие мојот сакан но само ако Недај Боже нешто ми се случи....
Порано пишував дневника а сега не.Запишував се што ми се случило, каде сум излегла,кога ме погледнал,кога не ме погледнал и други вакви глупости...Еден ден се изнервирав и ги сокинав сите исишани листови со глупости.Не можев да замислам некој да го нјде и да прочита се Сега само во него има убави љубовни песнички и цртежи кои сум ги напишала пред 5 години.Срцето не ми дава да го фрлам
и јас имам испишано два три дневника и сега си пишувам понекогаш најинтересен ми е тој од порано леле какви глупости да се скинеш од смеа
Аууу кое доживување. Пишував кога бев 7мо и 8мо одделение. Моментот е дека „го видов во автобус ах колку беше убав, ми рече да се муваме ама јас уште не знам, ми е срам да не се избрукам“ и такви значајни муабети. Со кого сум се мувала на одмор, кај сум била, што сум правела. И после некоја година случајно мајка ми го открила и беше многу занимливо. Знаеше дека детето и е напредно, ама ете се уверила со мојов т.е дневник. Ако ништо друго, ми помогна во комуникацијата со мајка ми. Оттогаш да речеме, имам многу подобар однос со мајка ми, строго искрен. Не сакав веќе ништо да кријам од нејзе. Така и остана.
Еднаш во 8-мо почнав да пишувам дневник, а пишувањето кај мене е како чудо за 3 дена, но ова не траше ни ден , ниеден настан не напишав, заборавив скроз на дневникот и така остана не напишан. Немам некој афинитет кон дневниците и пишувањето. Се сеќавам на споменарите кои беа актуелни некаде на 7 годишна возраст и таму пишувавме секакви љубовни песни, чувства и секако името на симпатијата, случајно пред некој ден ги најдов и така читајќи се згазив од смеење, до солзи се изнасмеав, но сепак пријатно се изненадив на таа возраст какви поеми сме пишувале и како сме ги украсувале... ахх спомени!
Еден период пишував, ама пошто немам своја детска, треба само да го влечам од таму до таму, а брат ми многу се интересираше што пишувам во него, па баталив... Ама, од новата 2012, ветувам дека ќе почнам да пишам бре. Ќе си купам и некое ковчеже со катанче и ќе си го чувам.
Како што сум на прескакулица цело време и клучот заборавив кај ми е и немам време да си запишам едноставно немам мое време или ќе биди онај мојон ќе дреми на компјутер и ќе ме полни со изговори како: Неможам, имам работа, ова-она вака-така. И дреми баш на фиоката кај што си го чувам дневникот и не можам да го извадам од него а ако му речам ќе речи ти кријаш нешто од мене. Затоа така правиш ќе ти го исфлам ама мене ме фаќа смеа и после извини.
Не водам личен дневник. Требало да започнам уште од порано, кога бев помала. Сега нема да ми е интересно да почнувам дневник. Веќе имам испуштено голем, интересен дел. Моето детство, деновите во основно. Тоа беа денови кои сигурно кога ќе ги читав после некоја година, ќе ми изнудеа една огромна насмевка и среќа. Имам една другарка која пишува дневник уште од 3то одделение, мислам. Запишува се, ден по ден. И си лепи по нешто, што ќе ја потсеќа на некој важен ден.
Bright да ти се позлатат рацете и тастатурата, некако ме допре и со сила го отклучив дневникот и сега конечно можам да пишувам. Фала ти.
Баш пред некој ден, чистејќи по фиоки, си ги најдов сите дневници, напикани во една кутија... Од свои 13, 14 години водев дневник. Сега поретко го користам наменски, оти мене животот ми е дневник, овде се отворам, статуси по фејсбук, песните што ги објавувам се некаков личен дел од мене, што на свој ризик но и радост, го споделувам. Кога ги фатив в раце, ме фати некоја тага, носталгија. Сите личности, ситуации, стравови, стилот на пишување, болките и среќата во тие ракописи просто ме вчудоневидуваат, од овој агол сега. Колку само сум пораснала и сум се сменила за овие 10 години! Во дневникот од трета средно, толку луцидно и лудо сум го опишала љубовното искуство, што, дури ме фаќа желба да го презентирам и овде, како исповедание на пубертетското поведение Многу сум среќна што уште си водам дневник, но само како разговор со себеси. Вокацијата ми е таква, пишувањето ми е воздух и светлина, морам да си го закрепнувам некаде, со допир со хартија и молив, пенкало. Сега, точно е дека виртуелните дневници земаат поголем замав, но нема поинтимен однос од оној со сопствените мисли, споделен само со белиот лист, и времето кое чека да биде зачувано! Еден ден од тие мои смешки во дневниците ќе објавам книга, сигурно. Растење, преку зборови и слики, чудесија прекрасна.
Интересна тема. Сум пишувала порано многу но сега и немам баш многу време. Почнав почетоков на годинава и секогап ке пишувам неколку дена по ред па ке ми стане како обврска и ке баталам. Во секој случај ги чувам сите и многу ми е забавно кога ке почнам да читам се што сум пишувала. Секогаш си викам како сум можела ова да го мислам или да го пишувам... И секогаш кога почнувам да пишувам гледам да е на повисоко интелектуално ниво напишаното од минатиот пат.
Ме фаќа желба стално.. Ама изгубив интерес за тие работи.. Како што кажа Шелеа..Феминава станува како дневник... барем за мене Тука го искажувам своето мислење..своите проблеми..а, и преку песниве што ги објавувам истото .. Пишував лани.. и пред лани.. и читав .. што има пишено.. абре трагикомични ствари .. дал да плачам ил да се смеам И фатив еден ден ги испозапалив сите.. битно .. на англиски го имав пишувано да не го најде некој .. да си испрочита..а не беше ни добро сокриено , кој ќе го барал после ,ќе заборавам кај сум го сокрила
Порано водев стално,за секоја симпатија по еден сега поретко,само така кога ќе ми се деси нешто многу убаво со дечко ми инаку запишувам се до детал,многу ми е убаво кога после неколку години ќе го најдам таму некаде забутан и ќе прочитам се,се сеќавам на тоа колку сум била шашава пишувам во се,во тетратки,во споменари,во што ми дојде во тоа гледам да ги скријам на некое место за да не ги чита мајка ми (си ја има таа навика,и ме нервира страшно ) и после ни јас самата неможам да се сетам каде сум ги ставила
Кога бев тинејџерка си водев дневник во убав тефтер со кожни корици, баш наменет за дневник...Си го забележував најважното што ми се случило во изминатиот ден, или сум си ги `истурала` моите чувства на хартија кога ми било тешко или кога сум била пресреќна а не сум имала со кого да споделам. Нјубаво ми беше кога ќе земев некој постар и веќе испишан дневник и си препрочитував што сум направила, па ми се враќаа спомените и или си се смеев сама на себе за некоја моја постапка, или пак си се чудев како сум можела да постапам така. Во секој случај водењето дневник ме исполнуваше позитивно. Планирав еден ден кога ќе имам ќерка и кога таа ќе биде во тинејџерски години да и ги дадам моите дневници да ги прочита. Ем за да види дека и мајка и некогаш била млада и имала и проблеми за дечковци, излегување, строги рдоители итн, ама и за да научи од моите `грешки`...во секој случај да ме запознае подобро. Ама за несреќа до моите дневници се докопала мојата мајка, и откако си ги прочитала решила да ги ЗАПАЛИ, бидејќи според неа тоа биле глупости и немало што да чувам такви работи. Јас знаев дека таа сушка по моитеработи и мислев дека на сигурно ми се криени дневниците, ама ете не биле. Уште не разбирам со кое право ми ги запали, тоа биле мои спомени, моја интима нешто што јас сум сакала да остане забележано...а таа ми го уништи неповратно. Уште па си мислеше дека услуга ми направила, што ги запалила пред да паднат во рацете на татко ми. И ден денес кога ќе се присетам на ова ми се враќа тоа чувство на лутина кон мајка ми...А имам ќерка, која сеуште е мала, и баш ќе беше уабво еден ден заено да ги читаме моите дневници...или пак јас да си имав спомен од моите тинејџерски денови па да си ги читам сега и да си се вратев во времето...
Дневник почнав да водам уште во трето одделение... малце језиво за дете на тие години, ама тогаш ми падна во раце дневникот на Ана Франк (кај дедо ми роварев во личната библиотека). Кога читам за некои работи, просто се присеќам на некои чудни емоции и навистина успевам да се вратам назад... Днавници водев се до втора факултет. Најинтересно ми е што сестра ми цело време во средно си читкала... еднаш на одмор ме фати како го кријам дневникот што го водев. Момент што не се заборава. Ладнокрвно ме погледна, се насмевна, па ми рече: "Не се мачи веќе да го криеш. Секогаш го наоѓам. Се имам изначитано. Интересните работи и по два пати..." Некогаш си седнувам and the journey begins....
После една година пауза, почнав повторно да пишувам. Првиот дневник го добив како подарок за мојот, ми се чини 9ти роденден. Од тогаш почнав да пишувам и испишав многу шаренобојни тетратки со дебели корици. Ги чувам сите во една кутија и најинтересно ми е кога ќе ги отворам и ќе почнам да ги читам. Ми служат како вечна меморија, особено затоа што на некои дамнешни случки, воопшто не се ни сеќавам.
Досега имам завршено вкупно 4,правев пауза зошто мислев дека ме тера некој малер,незнам од каде такви глупости ми текнале...но годинава добив на подарок нов и веднаш го започнав. Кога ги листам старите дневници најмногу се смеам,за што не имам пишувано,и сфаќам дека многу сум созреана од тогаш.
Почни, јас почнав од многу порано и сега сум многу среќна што сите моменти се зачувани на парче хартија, за да можам да ги читам повторно и да се смеам на сите глупости што сум ги правела