Moj poznanik, go podignal pasosot vo ponedelnikot, slikan na 09.02. Neoficijalno veke bile stignati i pasosite na slikani do sredina na fevruari. Pozdrav
Точно е тоа. Мајка ми денес го подигна пасошот сликана на 14 февруари. Инаку не доби порака дека и е готов.
Ама ова е претпоставувам за тие во МТВ? Самошто се вратив од Беко, сликан сум на 13.02, и ми рекоа не се готови пасошите. Моментално биле стигнати до 06 февруари, и да си дојдам за 2 недели отприлика.
Се сликав вчера за возачка по итна постапка, ми кажа да одам утре да ја земам. До колку работи МТВ во сабота? За лк ми презакажаа за во јуни ( од септември ). Да знаете дека може да ви ѕвонат
Се сликав пред 25 дена, бев вчера и не ни проверуваа во документите бидејки знаат дека со тој датум е рано за да се пристигнати. Пред мене во ред чекаа тие што се сликале пред 40-60 дена и успеаа да ги земат.
Згрешена ми е адресата на личната карта. Односно недостасува влез и број на стан. При поднесеното барање уредно беше доставен имотен лист и уверение од Град Скопје како доказ за живеалиште. Меѓутоа знаеме кои работат и како работат.. Што треба во овој случај да правам? И на кого да се обратам? Бидејќи пак да чекам три месеци за лична карта поради НЕ моја грешка...
Кај и да се обратиш пак ќе треба да се сликаш и да си платиш. А не треба да така, затоа што тоа е нивна грешка. Оди во канцеларија 36. Можеби таму ќе добиеш информации. Јас таму бев за личната карта. Многу се неодговорни.
Не се подигаат во таа што се гради оваа е друга на друга локација кај трговскиот центар во Лисиче кај Ваташа
Дека едно време пишуваше дека сакаш друго државјанство... Сега бев прашав постапката е целосно бесплатна
За жал ќе мора повторно да закажете и да се сликате … и на мајка ми при доставен имотен лист и беше извадена лична карта со старата адреса, затоа отварајте 4 очи кои податоци ги внесуваат на листот што ви го даваат да го потпишете
Знаат и отпосле да згрешат. На мене ми го згрешија ливчето. Она што го даваат за подигање на документ. Излагам од кабината и гледам дека ми скратил 3 букви од презимето. Ме пишал без ска. И тоа го скратил презимето од маж ми. Одма влегов и он направи промена.
Не се арни ,ми се прејавија ми кажаа за на 05.06 Отворам во системот нас двајца на 05.06 на детето 23.05
Дали преиначуваше од редовна во итна постапка? И дали се сликаше во Скопје или во друг град? Не ми е јасно по кој редослед ги прават, некој од средина на февруари сликан не се готови, а некои во март сликани веќе ги подигнале.