сликана сум на 18.3, сакам да одам на патување од 15.5 надвор од државата, дали мислите дека ќе биде готов пасошот до тогаш?
Ние сме сликани 18.02 и уште ни немаат стигнато пасошите...епа сега види дали тебе ќе ти стигни Буква по буква да ги пишуваа досега готови ќе беа ..многу сме умрени значи
Сликани во Пролече. Од каде треба да ги подигнеме документите? Чув дека ги праќале по општински полициски станици, некои пак ги земале од Телевизија.
Сликана на 22.02. пасош нема уште. Не се надевајте вие што си планирате патувања. Да живеете во нормална држава, можете да планирате, вака е џабе. Една познаничка чекала пасош 3 месеци. Рекорди се ова во светски рамки. Рекорди во неспособност.
немора да значи, пасошите од февруари не се изработени ама затоа дел што се сликани март и април ги имаат земано јас имам такви познаници по редовна постапка. Моите документи од 15.02 се во процес сеуште...
Како е возможно од февруари да не се изработени, а од март, па и од април да се?! Во било кој град викаат, изработени се до половина од февруари, за регуларна постапка.
Некако е возможно. Сопругот е сликан во февруари и не му се изработени. Јас на 13ти март се сликав и во петокот си ги земав документите. Едит: изгледа февруарските се малерски
тогаш најмногу гужва имаше и сите се тепаа да земат пасош, ништо чудно да не им се ни одобрени тие пасоши од февруари
Каков баксуз сум, не можам да ја најдам потврдата/ливчето за подигнување на пасошот сметката што платив е тука, ама ливчето како во земја да има пропаднато. Дали можам без него да го подигнам пасошот? Со стар пасош пример?