Јас и татко ми се сликавме во исто време, меѓутоа јас имав пасош со Северна уште од кога почнаа да ги издаваат ама бидејќи сменив име и презиме за љубопитните (во грчко) се сликав пак за нов пасош и лк во случајот мое ново име и презиме а не на пасошот.. Се сликавме на 5 март мене ми беа до 2 ри Април готови документите, а тој уште чека
Каде се сликаше? Јас бев во петокот само лична карта си земав, а февруари средина сум сликана пасош и возачка уште немам.
Колку месеци пред да истече пасошот може да се патува во странство(грција)пасошот важи до 28ми мај а сакаме да патуваме сега во петок поднесен е за нов уште пред два месеца уште го нема
Се сликав 15 март за пасош и тогаш ми кажаа максимум за 1 месец до 45 дена ќе биде готов. Пред 2 недели купив авионски карти за во мај, резервирав се ама абер нема уште. Да прашам некој што е сликан во март, има ли подигнато пасош?
Сега го земав пасошот, да ви кажам без да добиете смс не идете, сите ги враќаа. Маж сликан со мене нему не му е готов уште И идете макс до 18:30 после не земаат ливчиња.