Сликана сум во Пролече, дали пасошот треба да го подигнам од таму или од МТВ? И дали можам преку тел да добијам инфо дали ми е готов или морам да одам до таму…?
Ова со смс колку што разбрав важи само за мтв, другите не праќаат. Пред 1 недела исто бев во мтв за лична карта (не се подигнувале од таму) немаше жив човек околу 13 часот. Бев во Беко во понеделникот, сликана со ќерка ми средина февруари, нормално не си земав пасош, ама проверија, мојот бил готов од 16 април се чудеше зошто не е донесен, а нејзиниот уште во процес! А да, пред мене имаше сликани во март си земаа пасоши .
При промена на презиме и адреса на живеење во друг град, дали ви бараа имотен лист, лична карта од сопругот и извод од венчани - сите 3 заверени на нотар или само копија дававте? Благодарам.
Имотен лист не постар од 6 месеци ако имотот е на твое име, ако е на име на сопругот и он е со лична карта на таа адреса, треба негова лична карта и венчаница, нотарски заверени не ми ги бараа, носев оригинали на увид. Ама јас би носела се', со се маж. Нов имотен лист оригинал + копија, лична карта од сопругот + копија, венчаница оригинал + копија.
Па искрено си помисилив за секој случај од све заверки, копии да направам оти едвај ми го преместија порано терминот за промена на документи. Коа го прашав полицаецот/операторот дали треба све заверено на нотар, одговрот беше: искрено не знам, ај за секој случај направи си хахаха Фалааа
Мене ми стигна порака за МТВ, а сликана исто во Пролече. На шалтер кажуваа дека треба да имаш добиено порака дека е готов пасошот. Можеш да провериш и на страната termin.mvr.gov.mk само различни искуства читав, така што не знам дали на време ги апдејтираат информациите.
Некој да не знае од прилика до која дата се стигнати пасошите? Пример дали ти е што се сликале на 1 март и е готов пасошот?
Повторно ќе прашам, како е возможно сликани во март - пасоши готови, додека пак тие во февруари шо се сликани се уште не им се готови?! Нешто тука не штима…
Со стара лична карта дали можи да се патува некаде? Абер нема од пасошот, крај на февруари сум сликана.
Викендов ми стигнаа пораки дека се готови пасошите мојот и на децата , сите сме сликани во исти ден 01,03,2024, а за подигање различни денови ни дадоа. А маж ми пред нас е сликан 29,02,2024 и не му е готов пасошот. А во СМС-от е дадено и во колку саат да го подигнеш, па нема шанси да одам во тој термин, ќе чекам сите да се готови.
Ја сум сликана на 28 фебруари изработен на 10 април и не ми го даваат во Мтв без добиено порака а во ред што чекаа луѓе за земање сликани во март со добиени пораки земаат пасош.Кој хаос значи нема никаков ред.
Мене за синот втора порака за пасош ми стигнаа, двете пораки се со различни датуми и саат за подигање.
Исто. Ќе одам на вториот датум, за посигурно, а и онака тогаш повеќе ми одговара. Инаку и мајка ми на ист ден е сликана како и син ми, а на неа не и стигна уште порака за подигнување.