Само првиот пат кога се издава возачка дозвола се дава. Нема рок на важење. Треба да се смени ако е дотраена или оштетена, има промени на лични податоци или промена на живеалиштето. Треба да се променат ако се со името „Република Македонија“. Немам слушнато дека треба термин. Може треба.
@МитеМен па да, ама еве ова јас повеќе го гледам како нивен пропуст. Зашто логично е да оди со возачката дозвола и кога се менува да ја бараат на увид и книшката. Вака кој ќе знае ако сами не побараат.
Не ми е јасно од каде ова, професионален шофер сум имам ц категорија, извадов кога воведоа од шо мораше, бараа кога ќе те застанат. Сега се укинати никој не ти бара. Ако дојде ред да стават забрана тогаш вади. Во овие гужви уште за глупости да се пикаш таму
Ни едното ни другото има полошо. И моето и на ќерката презимињата ни се грешни у системот нивни (кога ќе напишам матичен) а на документите на двете ни се исправни. И не знам кај да го средам ,кој прашај нема гајле вика... @Realist1 па никот ми е инспириран од слични трегедии
https://www.ohridnews.com/svr-ohrid...a-na-dokumentite-istite-mozhe-da-gi-podignat/ E aj Sega de, do 14 maj im se gotovi dokumentite
Јас од 18 март чекам уште не е готов, и одмор си истерав со бг пасош. Да знаев дека ќе може со бг немаше ни да вадам сега во гужвите
На мене ми скратија 3 букви. Ги тргнал -ска. Среќа што видов навреме, па се вратив да преправи. Претходно од сопругот презимето го грешеа. Дека долго и изгледа ги мрзи да го пишуваат како што треба.
Таков е Законот. Може имаат новина, но законот сѐ уште не е променет. Зошто да се вади возачка книшка кога не се впишуваат негативни поени!?
Дали некој бил да подигне пасош без да му стигне порака?(на страната за проверка пишува дека е готов и може да се подигне). И како е со гужви периодов во МРТ за подигање на документи?
Дали за подигање мора да се оди во време кое го имаат наведено во пораката што ја праќаат? За МТВ прашувам. Подигнал ли некој скоро да ми даде инфо?