@МитеМен Кога бев сабајлево да си ја подигнам возачката, службеникот ми рече дека возачките книшки се укинати.
Пасошот го земав пред 10 дена, на сајтот на МВР сеуште е во процес Иако е ажуриран неколку дена после подигањето...
Исто, пасоши подигнати од петокот на веб на мвр пиши уште во процес. Инаку сликани 12.03, така да не знам од кога точно ни биле готови пасошите.
Е тоа не знам, мислев Скопје си затоа прашав, еве го соопштението, ама изгледа нешто имаат претходно неготови, од 15 март до 14 мај биле готови https://www.ohridnews.com/svr-ohrid...a-na-dokumentite-istite-mozhe-da-gi-podignat/
Да го видов соопштението ама ете сеуште има документи кој не е готови од Март сликани, ајде се надевам за недела две ке се готови па да планираме одмор конечно ☺️
Сликан сум на 5ти април за пасош по редовна постапка, пред два дена ми стигна порака дека ми е готов. Во пораката пишува да го подигнам следната недела. Дали можам порано или покасно да го земам? Мора ли во точно време?
Извини од кој град си? Во претходните коментари имаше за покасно можеш, ако си Скопје, за порано немаше искуства
Благодарам за одговорот, нели пред една недела беше да прашаш, ти рекоа за 3-4 недели, сега готов. Белким убрзале...те молам ако одиш порано и ако го земеш пиши. Фала уште еднаш
Во вторник имам закажано сликање за возачка за да се смени во С.Македонија, иначе валидна е уште. Пред неколку недели добив решение од суд за одземање возачка, ама ми рекоа треба да добијам известување од полиција за да официјално ми ја земат, и знам дека после тоа треба да се сликам за да почне забраната за возење. Каде можам да се јавам да прашам дали ми е спремно решението од полиција за да сега со сликањево завршам се, да не се сликам сега само заради името, па за кратко време пак за забрана за возење? Мало бебе имам, па фрка ми е одењето за сликање, не сакам да одам 2 пати.
Каде се поднесува за извод на родени? Имам електронски вадено ама не знам корисничко име и не можам да се логирам, а не ми дава со ист матичен да се најавам пак со друг меил