Дали постои можност за вадење на лична карта по брза постапка? Доколку може , за колку време стига и колку треба да се плати ?
Лична карта се издава во законски рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето. Цената е околу 200 ден. Таа е единствена постапка.
Не ме разбра. Законскиот рок од 15 дена максимално ја опфаќа целата постапка што не значи дека не може и порано да се издаде. Не секаде и не секогаш е така низ подрачните единици на МВР.
Девојки дали кога вадиш нов пасош стариот го задржуваат? Затоа што ми треба стариот пасош и не памтам дали ми го задржале или не? Фала ви
Мора со картица не може во кеш? Исто ме интересирасе дали рандом кога ќе отидеш те сликаат или ти закажуваат термин кога да дојдеш да се сликаш и да ја започнат постапката за вадење пасош?
Можеш и кеш на уплатница. Огромна гужва е постојано, секако дека мора прво да се закаже термин за било кој документ. За закажување можеш електронски или да се јавиш да закажеш.
Мене ме закажаа за два дена од кога се јавив,ама претпоставувам сега се поголеми гужви... Побарај го бројот да се закажеш,сега се закажува и од мобилен,пред тоа само од фиксен можеше да закажеш. И да,може и на уплатница да уплатиш,ама превртуваат очи на тоа службениците,бидејќи месеци по ред актуелно е да се плаќа таму со картичка,јас прашав за на уплатница и арогантно ми вратија дека не може.
Дали новите пасоши ви се двојазични на македонски и албански или можеш да бираш на еден од двата јазика да ти биде?
Тројазичен ми е мене Прво пишува на македонски,па на англиски и на крај на албански Ако си македонка ќе ти биде по редослед како мене,ако си албанка на пример,прво ќе ти пишува на албански,ама мора и на македонски и англиски...
Значи двојазичноста уствари почна да се провлекува и по документите ако не е изгласана. Јас мојот лани во Јули го вадев само на македонски и англиски е затоа чудно ми падна.
Дане е третиот јазик француски а не албански? Чера се сликав за пасош и баш прашавми рекоа дека нема албански