Здраво, Ќе сменам адреса и презиме поради склучување на брак. За презимето читав дека само венчаница треба, за адресата не најдов. Ќе се селам кај маж ми, дали треба он да дојде со лична карта или?
Јас лани летото менував презиме и адреса. Венчаница и имотен ми барааа во МВР. Нема потреба од сопругот да дојде.
Кога ќе се сликаш. Мене ми бараа за презиме венчаница а за адреса лична карта од сопруг т.е копија од двете страни, ова сега брзо беше
Ни србите ни косоварите не праат проблем нашиве праат проблем не те пуштаат да искочиш а другиве ке те примат клошарска раб
Малце е касно ама да ти кажам негова копија од лична карта ако сакаш да смениш адреса а можеш и истата да ја задржиш ако сакаш а за презиме извод на венчани он нема потреба да дојде и ако менјаш адреса барането со нова адреса ке пишееш
Здраво, имам едно прашање околу менување на етничка припадност/националност како и да е тоа не сум многу упатен. Дали сеуште може да се прави тоа и доколку да дали знаете од прилика колку време е потребно за да се смени тоа?
Феминки, дали некој има информации дали со стар пасош од Република Македонија може да се патува со чартер лет до Турција?
За во Извод Националноста не може(ше) да се промени. Со Одлука на Уставниот суд не постои повеќе националнист.
Дали има некој сликан пред 2 месеца и да добил пасош? Кај мене уште не се поминати, ама пред 2 недели ми рекоа дека не се одобрени и дека нема шанси да стигнат како првично што кажаа за 2 месеци. Не знам дали да одам во МТВ пак или да чекам...сликани сме на 29 мај.
Сликана сум почеток на април,на страната стои во процес.Не два за некој ден и три месеци како сум сликана и сеуште нема ништо.
Од македонска страна не треба да имаш проблем, го продолжија рокот на важење на старата возачка до 31 декември 2024 година.
Луѓе овие у мвр не се тачни. Се сликав на 2ри јули регуларна постапка за пасош. Во петокот бев да доплатам за брза постапка зашто ми излезе нешто итно. Ми викаат не е уште стигнато барањето да се вратам друг ден. Одам во понеделникот чекам 1 саат да ми го најдат барањето за да си платам поштено. Е сега барањето неможат да ми го најдат. Замислете. Ме испошетаа по триста соби и све на исто место ме враќаа во соба 2б. Ги молам да ми го најдат барањето и да бараат во другите датуми не само кога сум се сликала случајно да не измешале. Е неможеле да бараат ми вика нели гледаш девојче имаме многу работа. А јас ли сум крива? Да земам сама да си барам барањето ако не. Вчера пак бев пак ништо се испокарав лом ги направив, барањето ми го нема. Вртев пишав маил демек да се пожалам, никој ништо не превзема. И јас сега што да правам ств незнам.
Здраво Дали некој има земено лична, пасош или возачка во скоро време? Уште ли се чека по два месеци? Јас се сликав пред месец и нешто ама не знам дали да одам да прашам.