здраво до кога важат личните без северна? треба за 3 месеца да се регистрираме јас сум уште со старите
Здраво, дали има некаква процедура за изгубен документ, читав дека се се средува во еден ден на шалтер на Мвр, дека не е како порано со објавување во Службен весник. Дали некој знае?
Направи профил на страната на УВМК. Поднеси онлајн барање и ќе ти стигне известување на меил кога да го подигнеш.
Можеби е малку off topic, дали сте имале искуство со поднесување барање за надоместок во случај на невработеност, за колку време од денот на поднесување на барање сте добиле решение и за колку време се прави исплатата на средства?
Јас имам такво искуство. За еден месец ми одобрија и наредниот ден ги пуштија парите. Само еден месец земав. Толку ми следуваше.
Ни страната не ја ажурираат. Мене ми пишуваше дека ми е во процес, отидов готов ми беше. Ова по итна постапка, ама сигурно и за редовна е така.
Пишав во две теми, ќе пишам и тука за секој случај. Сестра ми има упис денес на факултетот, но сабајле гледаме дека и го нема државјанството. Каде може да извади ново најбрзо? И колку дена се чека? И дали би ја примиле на факултет без тоа? На пример, ги имаме државјанствата од мајка ми и татко ми, дали така би ја пуштиле да се запише, па накнадно да го донесе? Ве молам, некој ако знае да ми пише.
И јас пишав во една др. тема, можда не е прашањето баш за таму, ај еве и тука некако поссодветно ми делува дека станува збор за слика во пасош. Се спремам за патување и си го разлистувам пасошов и сега вака ова ме загрижува на сликата на пасош сум со драстично поголема килажа и подруга физиономија на лице од сегашниве килажа и физиономија, апла се приметува. Можно ли е да ме проверуваат подолго или вратат на пат преку океанине ( на визата сум со сегашниот изглед)? Прашањето ми е дали побитна им е сликата од визата, со оглед на тоа дека не треба да е постара од 6 мес. или од пасошот гледаат? Во блиско соседство не ми направиле проблем досега за ова, ама кај другине не знам како иде, построги се или не се...