Доколку сега поднесам за вадење лична карта дали ќе може да ја земам од полициска или тоа само тогаш беше?
За колку време ти го издадоа уверението за неосудуван онлајн? Што точно документи бараат да прикачиш ?
Мислам дека веднаш го добив, а за документи не се сеќавам баш, оти беше пред две години. Направи си корисничко име и ќе видиш, скоро сите документи може така да се извадат.
Јас си направив и само ми стаса пдф барање, а не ми дадоа опција да платам електронски, ми дадоа поле да кликнам во кој суд дека не сум од Скопје. И имам сега само барање. Јас си помислив ќе ми стаса на емаил потврдата и дека ќе можам да платам онлајн.
Па сигурно нешто ми има излезено штом сум уплатила. Еве сега пак чепкав нешто, ама не можам да видам што дава, не можам да одам до крај оти таква потврда сега не ми треба. Повеќе документи извадив оттаму, и потврда за неосудуваност, историја на работни односи - за овие ми текнува. Имаше уште нешто, ама не се сеќавам, не стојат во базата кога влегувам во профилот.
Веројатно оти немам активирано електронско банкарство затоа неможам да платам. Мислев дека ќе може да платам ако го ставам бројот ма картицата, без тоа да ми е активирано. Фала ти
Видиш, не помислив дека има врска со електронското банкарство, оти го имам одамна. Ама да, мора да имаш за да можеш да платиш онлајн, оти и кодови се добиваат за плаќање.
Јас имам извадено пред помалку од 2 години. Не требаше електронско банкарство, само број од картичка.
Пробувам да закажам за лична карта преку страната на мвр ама само одредени градови ми ги дава. Како закажувате вие?
јави се, прашај ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 072 92 92 92 и 0800 192 92 (само од фиксен телефон)
Како мислиш фиксен? Јас не ни имам таков дома. А верувам и мн други луѓе немаат, одамна не се користат тие телефони. Јас на првиот број шо го пиша им се јавив и за лична карта и за возачка. Без проблем закажав. @LoveRain мислев преку телефонски број, на мобилен. Ама не се разочарувај и да почекаш неколку минути. Декември закажував за возачка и ми требаа 5 минути за да ги добијам.