Еве го нацрт законот за укинување на возачките книшки, и тоа од 1 јануари 2026 година. Очигледно, МВР се „побрзи“ од Собранието. Нацрт - закон_Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
Дали со менување место на живеење треба да се одјавам од сегашното место или само директно да одам да се сликам во друиот град?
После менување презиме има некој рок колку можам да патувам со стариот пасош додека извадам/чекам нов?
30 дена. Јас патував покасно, па кога требаше да го сменам, морав да идам кај инспектор вадев некоја потврда и избегнав казна.
Не смееш воопшто да патуваш со стариот пасош. Мора да биде поништен во рок од 30 дена, но во меѓувреме не смее да се користи.
Не, адреса не е меѓу личните податоци со чија промена пасошот станува неважечки. Можеш да го користиш стариот до истекување па тогаш да направиш нов со новата адреса.
@SummerGirl дали од лично искуство? Јас знам ко што пиша @Estranged дека само при промена на име, презиме мора промена на пасош, а не и при промена на адреса, ама еве цело време добивам различни мислења, а битно ми е сега пред одмор да не заглавам со менување на документи. Ќе прашам и во полиција секако, ама сакав термини да закажувам.
Да. Од лично искуство. И од искуство на сопругот. Најдобро е да прашаш во полиција. Кажи им дека итно треба да заминеш некаде.
Во право си, според Закон за патни исправи, член 26а - промена на адреса не го прави пасошот неважечки. Се менува при промена на име, презиме, пол или матичен број.