За лична карта, за сопругот треба нова адреса да менува. Ќе стои адресата каде иствари и живееме, стан на мое име. Јас дум веќе пријавена на таа адреса. Што треба сега, мое присуство, имотен лист (дали е важно колку е стар)?
Мене ми бараа одјава од стара адреса во МВР се зема и за одјава бараа копија од венчаница ако причината за промена на адреса е брак. Па после кога закажав термин за нова лична карта прво со одјавата ме пријавија во новиот град и на новата адреса и ми побараа само копии од венчаница и лична карта на сопругот. Имотен лист не побараа.
Па не е промена на адреса ради брак, одамна сме во брак, прво бев јас на негова адреса, па сега пред две години си се вратив на мојата, сега треба и он веќе редно е, тука живееме Како оди одјава/пријава, што треба?
Мислам дека во Скопје живеете. Пред да се слика маж ти ќе пополни лист за одјава. На некој начин е исто како менување врз основа на брак. Затоа на маж ми не му го побараа имотниот лист. А на него има и негови податоци
Се пополнува обрзаец со податоци како стара адреса, нова адреса, дали е во иста општина или не, која е причината за промена, мене ми бараа извод од венчани, не знам друго што би барале. Потоа ти даваат решение за одјава од адреса и тоа ми го бараа кога се сликав за нови документи, кај мене беше различна општина и град па пред да се сликам со решението за одјава, изводот од венчани и копија од лична карта на сопругот ми дадоа решение за пријава на нова адреса.
Скопје, да. Значи тоа пред сликање се прави, истиот момент? Не треба порано? Венчаница копија? Друга општина е, ист град. Одјавата во ист ден кога е сликањето беше? Копија венчаница и моја лична карта, ок. Да земеме тогаш и договор за купопродажба за секој случај
Маж ми носеше и копија од венчаница, ама не му побараа. И јас кога менував адреса ми рекоа да не се одјавувам. Само имотниот лист го носев. Маж ми имаше адреса во друг град.
Не беше ист ден. Прво земав решение за одјава, потоа закажав термин за сликање, не се чека многу сега. Носи и копија од извод од венчани, имотен лист и купопродажен договор за секој случај.
Имаше некои измени од втори месец оваа година, сега знам се во две смени од пон до петок од 7:30 до 19:30 за саботите незнам точно како е