Ако е во ист град, на пример поради склучен брак, носиш венчаница, ако е поради др причина мене ми бараа имотен лист и да се потпише тој што е негово живеалиштето (на пр. Кога се разведов и се враќав на стара адреса дома, мајка ми и татко ми доаѓаа да се потпишат ). Ако е за во др град, треба да се одјавиш прво од старата општина. Ако веќе имаш лична карта со нова адреса, кога пополнуваш формулар за нов пасош само наведуваш нова адреса. Се надевам ме разбра
Да, те разбрав, фала ти. Не е менување на презиме(брак) туку селење од еден во друг град. Веќе некое време имам лична карта и возачка ама пасош не сум вадела, и реков да прашам да не постои процедура пак истото да го поминувам
Јас го изгубив стариот откако си извадив нов. И не поднесов дека сум го изгубила зошто не мислев дека ќе ми треба некогаш. А во листата на документи за виза пишува дека треба да го имаш. И сега не знам што можам да направам.
Веројатно ти е дома некаде оставен. Сигурно не си го носела некаде Ако не го најдеш веројатно ќе треба да објавиш во Службен Весник дека е изгубен. Прашај во полиција најдобро.
Дали можам да извадам извод електронски и да ми стигне на меил? Ми треба за во понеделник. Платив онлајн денес но стиснав да ми стигне по пошта а не верувам дека ќе стигне во понеделник.
Можеш, направи профил ако немаш на услуги.гов.мк и за минута ќе биде готов за симнување. https://uslugi.gov.mk/service/izdavanje-izvod-od-matichna-kniga-na-rodeni-1676
Цел ден кинам нерви со ова. Ми дава дека е невалидна лозинката а од друга страна сум логирана на ујп со истата. Пробувам да сменам лозинка и ми стигнува дека предолго време прошло, ужас.
Поднесов но пишува дека ќе стигне за неколку дена, а мене ми треба утре. Мислев дека можам веднаш да го добијам, но страната е крш, не ми го прифаќа пасвордот, па доцни меилот, па пак недоволно податоци... Не знам каде да се обратам.
Која е постапката за вадење потврда за неосудуваност, што документи треба да поднесам, колку се уплаќа? Онлајн може да се извади?
Мислам дека да, ама провери на сајтот на Минис. за информатичко опшество. Иначе во суд со молба, лична карта и извод се поднесуба барање, наредниот ден го даваат.