Ова не се поднесува онлајн И се чека А се случува да се заборави А и познавајќи ја нашава администрација,не губи ништо ако отиде лично да провери
И јас се согласувам со останатите коментари, најдобро е да одиш лично да прашаш до кај е процедурата. Јас кога менував адреса, исто и мене ми кажаа дека ќе ми се јават - никој не ми се јави. Почекав неколку денови и кога отидов да прашам што биднало, испадна дека средиле и дека веднаш треба да се сликам.
Дали вадел некој патна исправа за дете сега во јули? Ме интересира за колку време го даваат документот? Дали има шанси за помалку од 14 дена?
Јас вадев скоро, на 03.07 го сликавме, на 08.07 на страната на МВР за проверка на готови документи пишуваше дека е издаден. Така да, брзо ги издаваат. За сликање ми закажаа за 2 дена од јавување.
Благодарам на одговорот. Ќе се обидеме и ние по редовна постапка. А за дете од 4-18 години кое има истечен пасош, дали може да оди со еден родител или мора двајцата? Кај потребни документи пишува родителот/родителите
Треба да бидат присутни двајцата родители. Од МТВ се подигаат личните карти. Јас кога ја земав мојата имаше луѓе кои се сликале во Беко, па од таму ги пратиле во МТВ. Работно време од 7:30.
@SummerGirl завршив тоа. Туку ме интересира кај ја проверувате состојбата на документот, дали е во изработка, дали е готова? На "Готови лични документи" не функционира, не им е ажурирана страната од 23.02.26