Ти преостанува да се консултираш со адвокат. Можеби ќе можеш да промениш нешто. Ама не верувам. Комшика моја го имаше истиот проблем со бившиот маж. Требаше синот да го носи во странство, а бившиот едвај и даде дозвола. И тој не контактира со детето. Она мораше да го моли за еден потпис.
Дали некој од Вас има искуство со ваѓање пасош и лична карта во исти ден ама после промена на презиме? или дали можам да подадам само пасош со новото ама старата лична карта ќе ми е на старо презиме? дали тоа е изводливо?
Може. Јас во ист ден поднесов барање за нова лична карта и нов пасош по основ на промена на презиме. За десетина работни дена ги земав во ист ден.
Здраво... Би ви ја кажала мојата ситуација па и да ми кажете од ваша гледна точка и по некој совет, бидејќи веќе бев во полиција па ми кажаа да чекам. Го изгубив пасошот, и отидов во полиција да прашам како одат процедурите, што е најдобро да направам, и ми рекоа подобро да почекам да ми истече пасошот бидејки би ми барале и казна, и изјава кај инспектор и бла бла глупости, па објава во службен весник, а на пасошот датум на истекување му фалеа уште 2 месеци па така вработената не можеше ништо да направи. Она што ме изритира е што истиот ден дојде една постара жена во средовечни години со сличен проблем, само што нејзе и беше изгубена личната карта а не пасошот и си помина без проблеми, без казна, изјава кај инспектор и не знам што. Сега прашањето е, дали да отидам една недела пред да ми истече пасошот, или на датумот кога ќе ми истече пасошот? навистина ми е потребен а не знам што попаметно би било да постапам. Што доколку ми го кажат истото?
Закажи си преку страната на МВР за вадење нов пасош и толку. Послето при пополнување на формуларот ќе означиш соодветна опција, зошто го заменуваш. Не се плаќа никаква казна. Пред некој месец мм ништо не плати.
И твојот беше изгубен? јас секако требаше да правам замена ама си велам што ако ми го бараат пасошот за поништување и триста ствари. Фала ти многу.
не мојот на маж ми ама тука некаде е... не го бараат стариот, не е како порано да го одјавуваш па да правиш нов, закажи си и оди на терминот
Што е работата во мрв термини за пасош дури во септември има? Колку се чека за редовна постапка да не знаете?
Од поднесување на барањето до издавање на новиот пасош рокот е 10-12 работни дена во редовна постапка.
здраво, имам едно прашање се надевам некој ќе може да ми помогне. Планирам да одам надвор од државата на 3ти на 6ти да се вратам, е сега ме интересира дали ќе имам некој проблем на граница бидејќи пасошот на ќерка ми истекува на 8 септември, инаку патуваме за Србија. Поздрав
Мислам дека ќе имате проблем бидејќи можно е да ја вратат назад. Паметам имаше сличен случај за патување до Бугарија на чиј човек документите требаше да му истечат за две недели и го вратија назад. Се надевам дека нема да имате проблеми искрено но за секој случај упати се во најблиската станица. Туку сакам јас да прашам нешто. Утре ми истекува пасошот (стариот ми е изгубен), личната карта се уште ми е во обработка, па сакам да прашам кој документ да однесам за потврда дека тоа сум јас? Не можам да кажам дека личната карта ми е во обработка и едноставно да проверат компјутерски?
Ќе ја однесеш потврдата што ја даваат како доказ дека личната карта е во системска обработка. Со истата треба да ја подигнеш новата лична карта.
Ајде и јас да прашам нешто, може ќе знае некој да ми одговори. Имам пријател кој е роден во Македонија, има извод и државјанство македонски, и лична карта исто. Но му се истечени со рок, одамна. Сега сака да ги продолжи...но не живее тука. Мора ли лично тоа да го направи? За лична карта ок, но за извод на родени и државјанство прашувам...Можам ли јас на пример да му ги извадам? И дали воопшто изводот и државјанството имаат рок на важење? Има ли воопшто потреба од вадење нови, или директно може да си извади лична карта кога ќе дојде овде? Ви благодарам