Ти благодарам Форумче. Би требало да е така, ама колку што читав по интернетов, изгледа сега мора лично. Сепак ќе се распрашам на лице место.
Дали може да се извади извод од матична книга на родени во општина Аеродром бидејќи електронски кога сакам да аплицирам не ми ја дава како опција?
Здраво, за промена на лична карта и пасош заради склучување на брак и промена на презиме кои документи се потребани знае некој? Некои ми викаат ќе треба и лична карта од сопругот па доколку некој скоро е менувал би му била благодарна да ми одговори.
Лична карта од сопругот треба само ако менуваш адреса да биде иста со неговата. Јас менував само презиме, адресата ми остана старата, и кога ја дадов неговата лична карта рекоа дека не треба. И фотокопии од извод од матична книга на венчани и мојата стара лична карта ми бараа, што не беа напишани во списокот на потребни документи на сајтот, па фотокопирав на лице место. Би ти рекла по две копии да си спремиш, да не шеташ непотребно. И ако менуваш возачка, провери си ја возачката книшка. Не сум сигурна, ама мислам дека ако е издадена по 2014та, не треба да се менува (не ме фаќај за збор за ова, најдобро земи ја со тебе и на лице место ќе ти кажат). Другото е како е сајтот, јас менував лична карта, возачка и пасош пред 3 недели.
Здраво. Денес поднесов барање за пасош (изгубен ми е стариот,шоднрсов пријава службен весник и др) и ме викнаа на разговор следната недела. За колку време би ми бил готов?
Ве молам некој што знае како да напишам молба до Основен суд ? Ми треба документ за дека не сум осудувана и заверка на диплома и двете со апостил печат ...., само како да напишам молба ми е потребно некој да ми помогне ..
На обичен лист ќе напишеш Молба до суд ( наведуваш кој), од ( си пишеш име презиме) текст пр: го молам судот да ми издаде потврда дека не сум осудувана која ми е потребна поради тоа и тоа. Барател - име презиме матичен адреса .. + копија од лична карта и истата на увид си пишеш датум и потпис, ти го заверуваат на прирмно и нареден ден судија ти издава документ. Јас за 3то дете секоја година земам
10-15 дена од сликањето исто како и кога се вади лична карта.Штом си поднела пријава за изгубен пасош во Службен весник и ти закажале разговор следната недела тогаш оди на разговорот следната недела кога ти е закажан,па ако имаш среќа може во истиот тој ден да ти закажат сликање за новиот пасош и во ист ден две работи одеднаш да завршиш!Со среќа!
Може на 17 год. да се извади лична карта? Едно време слушав над 16 можело, па и демек задолжително за идентификација ова-она. Ако знае некој нека ми одговори
Како се објавува неважечки документ во службен весник пошо не можам на тоа електронското да им се снајдам на страната? и на интернет читам дека сега има едношалтерски системи во самото мвр кај што одиш и во исти ден се објавува во службен и се почнува постапка за нов документ дали функционира?
Здраво. Сакам да прашам која е разликата помеѓу интернационален и меѓународен извод на венчани? Ми треба за приклучување кон брачен другар, за виза. Јас поднесов денес барање за интернационален а на страната на амбасадата пишуваше меѓународен... Сега не знам што да правам...
За украдена лична карта, изјавата се зима од мвр како и барањето? Патем, ми кажаа има комерцијална банка кај мртв, знае некој каде точно се наоѓа истата