Зборот интернационален на македонски литературен јазик се вели меѓународен. интер=меѓу нацио=народ. Исто како да речеш автомобил или кола. Така да не треба да има проблем.
Да прашам дали можам да извадам пасош во друг град а не во градот што ми е како живеалиште на личната карта?
Здраво, Сакам да прашам дали има начин да се избегне плаќање на казна за истечена лична карта повеќе од две години? Како документ за идентификација, користен е пасош во меѓувреме.
за да се промени адреса на лична карта, потребен документ е имотен лист. ме интересира дали некој знае дали тој имотен лист не смее да е постар од 6 месеци?
За промена на адреса на живеење потребен е нов имотен лист (од мое искуство) поради податок за сооственост на живеалиштето каде што се пријавуваш и нема ништо спорно или чудно.
Дали е ова точно? Јас се сликав во МВР за лична карта и службеникот ми рече дека не треба да го менувам пасошот затоа што не сум се преселил во друг град туку само на друга адреса. Кога ќе ми истечел пасошот да поднесам барање со нова адреса и толку.
Дали за вадење државјанство и извод потребни се и 2та родители, бидејќи сум малолетна? И колку време се чека, веднаш ги даваат или има пак некоја процедура од неколку дена?
За државјанство нема потреба од двајца родители и го даваат веднаш. За извод мислам дека се чека неколку дена.