Да да, државјанство секако ќе треба да приложам, или уверение. Мислев да си прашам дали воопшто постои таков документ кај нас бидејќи не сум слушнала ни јас.
Пред еден месец менував презиме, адреса, вадев нови документи и се целосно. Прво целата постапка е толку тешка и ако немаш некој близок вработен или ако не ти се погоди некој фин и што си ја врши работата нема никогаш да завршиш. Лична карта не може по брза постапка, а истовремено може да се поднесе и за пасош, немора да чекаш лк да излезе па да поднесеш за пасош. За вадење на извод и државјанство, можеш да извадиш за друг(пишува дека мора да имаш полномоштво, ама не бараат), иако си малолетна можеш да извадиш сама немаш потреба од родител со тебе. Ако го вадиш изводот во градот кај што си родена ти го даваат за 5минути, ако не го земаш наредниот ден. За промена на адреса, пишува дека мора имотен лист, ние вадевме ама никаде не ми побараа.
За 3 недели, ама реално преку врски за да оди побргу постапката инаку би траело уште 1 плус сигурно ако беше се регуларно, ако не и повеќе. Плус на крај се земав а возачката книшка не ми беше излезена и ми остана. Незнам како, а поднесов во исти ден и за дозвола и за лична карта.
Ти сигурно си сменила документи по основ на брак. Кај мене е друга ситуација. Јас за адресата морам и имотен лист да донесам. Колку што разбрав, сега тоа се завршувало електронски.
Да, и по основ на брак пишуваше на страната дека треба имотен лист ама не ми побараа. Ако можеш заврши си електронски бидејќи само ќе се нервираш ако почнеш да одиш по шалтери.
И јас би сакала така, ама сепак морам да одам на шалтер заради презимето. Да ми дадат дозвола. Малтретирање до бескрај.
Во полиција чудо некое ептен фини беа, дури да не ти се верува, тоа им е должноста ама не очекуваш бидејќи насекаде се идиоти. А во матичното, катастрофа однос, системот и паѓа на секој саат и плус нив не им се работи и се понашаат крајно идиотски. Ми пукна филмот и се испокарав, и реков дека ќе ги пријавам за таквото однесување и уште толку сите цела смена ми се нафрлија. Па и како капак на се ми викаат ти уште колку пати ќе доаѓаш овде, нели ти здосади цел ден. Мислиш јас сакам и ми се оди секој ден да ми ги тренираш живците, ама затоа што не си ја вршиш работата морам. Уште се нервирам кога ќе ми текне
Здраво, дали може да се извади уверение за државјанство на РМ во друг град или мора во градот кај што си роден?
Фала многу, а да прашам дали можи да се извади само со лична карта или потребно е да се носи и Извод?