Таа уплатница за лична карта (190 денари) таму на шалтер ми ја даваат или треба да земам од банка (ако да, која уплатница ми треба за тоа?) и да дојдам со пополнета? Извинете за прашањево, не памтам ништо од последното вадење лична
Фала @Antolinaa Добро, што е со телефоните на МВР? Ѕвонам од 11 саат на мобилен и или нема слободен оператор ни по 5-6 минути останување на линија или ме гаси одма, а на фиксен ми вика не може да се воспостави повикот. Како да закажам??
@CinnamonBambi Не знам за закажување како е. Пробај после празнициве, може штрафта фатиле операторите.
Онлајн не можеш да закажеш? Јас само така закажувам. Иначе може и на лице место да се плати со картичка, ако имаш, не мора уплатница.
Не можев ни онлајн, прво така тргнав и за секој термин во наредните 2 недели ми викаше “нема слободен термин, јавете се на бројот ххххх“. Ќе пробам пак после Божиќ да се јавам...
За промена на презиме во документи која е процедурата? Веднаш после свадбата ми истекуваат личните документи. Како е процедурата? Што носам, колку плаќам?
Барање, уплатница од 190 денари (може и со картичка да платиш) и извод од матична книга на венчаните. За пасош се плаќа стандардна сума. И за таму ти треба извод. Треба да смениш и извод на родени. Во рок од 30 дена од промената на презимето треба да имаш закажано за сликање.
Закажуваш термин во МВР, ги носиш со себе старите документи да ти ги поништат и поднесуваш барање за нови за промена на презиме. Мораш да носиш и извод на венчаните и лична карта од мм(најдобро заедно одете). За лк се наплаќа 200 денари, а за пасош мислам се вкупно испаѓаше 1700.
Не треба твој извод, само на венчаните кој го добиваш дента кога се регистрирате ама направи си копија за во мвр. Извод на родените не се менува, туку се издава нов во матичната служба.
Секоја промена на лични податоци се евидентира и во изводот на родени со тоа што во забелешка се додава склучување на брак или прекин на брак во зависност од брачната состојба. Надлежна институција е Управата за водење на матични книги.
Здраво. Некој дали има инфо што се сликал за пасош во јануари во редовна постапка, кога и како би биле готови пошо имаат застој во МВР. Дали некој веќе си го подигнал пасошот? Благодарам
Дали знаете што се случува со патните исправи? Сеуште нема официјална и конкретна информација, освен дека се во дефицит со материјали. Имам закажано термин за сликање за наредна недела, но кој знае кога ќе излезе пасошот. Законски како што гледам треба да се изададе 15 дена од денот на поднесување на барањето.
Се обидов да ги добијам, ги контактирав по телефон - не се јавуваат, им пишав на ФБ и на меил исто така - џабе. Неофицијално е дека во април ќе стигнат првите материјали, а пасошите ќе бидат готови во мај, бидејќи има застој веќе. Инаку од помалите градови им кажуваат дека ќе се готови за 15 дена (што не верувам баш)
А што треба да правиме ние до мај без пасоши и лични карти?? Добро, дали се сериозни бе.. За лична карта крај на јануари се сликав (веќе ми е истечена), за пасош на 19ти се сликам (во мај ми истекува, што значи уште малце и нема да можам да патувам зошто е помалку од 3 месеци пред истекување на рокот).
Здраво дали може некој да ми каже каде се вади извод од матична книга на родените и кои документи се потребни ?
Барање и уплатница од 150 денари. Барање можеш во МВР. Сега мислам дека е преместено после Камени мост. Ако си од Ѓорче во матичното ќе поднесеш. Сега има и по општини поделба.