Во матична служба, не ти требаат никакви документи. Таму пополнуваш барање, плаќаш и ти го издаваат изводот.
Незнам да ти одговорам, не сум од Скопје Ти пишале исто дека барање се зема од МВР, кај нас не е така. Барање имаш таму на лице место, а за плаќање најдобро со картица плати таму оти поефтино испаѓа, плус заштедуваш и време
Луѓе бе што се дешава, дали се овие нормални? Зошто граѓаните да страдаат пошо МВР навреме не спроведиле тендер. Некои треба да идат во странство за работа, некои приватно или на деловно патување. Обрасци за нови пасоши дури од март.И после зошто се иселуваат младите, вака како што тргнале сите ќе се иселат од државата.
Ова е заговор за да немаме пасоши да ја напуштиме државата и да се отселиме се шалам, ама потполно се согласувам со тебе.. Не знам дали барем ќе издаваат некој папир за потврда дека имаш важечки лична/патна исправа и дали таа би функционирала за излегување од државата?
Во моментов имало материјал за 4900 пасоши кои ги издаваат само за оние што поднесуваат за брза постапка.
Ај за пасоши немаат материјал, ама за лична карта, дури на 31 март ми закажаа пред 2 недели. Немало слободни термини
По ново слушнав дека издавале само на оние што се во странство и си идат само за менување документи Најдобро прашај си директ во полиција.
Да. Укинато е вадење пасош по брза постапка. Од тие 4000 пасоши што ги има,ќе ги даваат за медицински случаи, студенти надвор,службеници исто надвор што работат, спортисти. Другите ќе чекаме.
Не закажувајте џабе, до април најкасно мај тешко дека ќе издаваат пасоши. Убаво рекоа на Фчерашни, ова било нова мерка у борба против иселувањето, нема пасош нема преку граница.
Не ми се верува кај живееме. Законски стои дека 10 дена се чека по нормална постапка. Зошто навреме не си нарачале обрасци. Држава сме биле некоја. Друго прашање, бил некој надвор со пасош помалце од 3 месеци пред истек? Имам слушнато дека можеш да поминеш во ЕУ држава, ама на враќање ќе ти ставеле белешка дека наредни три месеци не можеш да влезеш, ама не ми е сигурна информацијава.
Мојот истекува август Јас се враќам дома во април и како што ми кажа врската три полни месеци пред истек и вадење пасош под назив итна постапка.