Општи прашања Мислам дека е иста ама за секој случај кога ќе се јавиш да закажуваш препрашај дали треба нешто плус да се плати од тие 1500 ден. за пасошот и административната такса во зависност од возраста.
Општи прашања За колку време е готов пасош по регуларна постапка, а за колку време по итна? Знам и нешто за итна постапка се доплаќа плус...
Постапки за издавање на пасош: Редовна постапка – Органот надлежен за издавање на патни исправи и визи барањето го решава во што пократок рок, но најдоцна до 15 дена од денот на поднесување на барањето. ИТНА ПОСТАПКА – Во случај кога барателот во барањето за издавање пасош наведе дека бара изготвување на пасош во итна постапка, доколку не постојат објективни пречки пасошот се изготвува во рок од 48 часа од денот на поднесување на барањето. Подигањето на итните пасоши, а поднесени во сите надлежни организациони единици на МВР, се врши во СВР- Скопје зграда на МРТВ први спрат. Согласно Решението за цените на обрасците што се употребуваат во МВР во Службен весник на РМ број 110/09 во точка I. од решението гласи: I. Цената на образецот за итен пасош, согласно горенаведеното решение се зголемува три пати во однос на редовната цена образецот за пасошот. Ако граѓанинот бара изготвување на пасош во итна постапка, истиот ќе се издаде најдоцна во рок од 48 часа од часот на поднесување на барањето за издавање на пасош, освен ако се издава поради лекување во странство, смрт или тешка болест во семејството. http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.as ... &tabid=184
Општи прашања Од денес за утре ми закажаа сликање за нова лична карта, па некој скоро што вадел да не знае дали се уплаќа некоја административна такса (како порано што беа таксените марки) покрај образецот за ЛК од 190 денари?
Општи прашања Минатата среда(на 30ти) бев да се сликам за лична карта. Мислите дека ми е готова,да одам деновиве да си ја земам?
За колку време отприлика те повикуваат да се сликаш за лична карта? Сакам деновиве да закажам за сликање, па отприлика сакам да знам за колку време те викаат да се сликаш? И колку денари чини личната карта?
Ти закажуваат од денес за утре, или за два дена, нема гужва. После се чека 15 работни дена за подигнување, а може и побрзо да биде. http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.as ... parent=100 Се е објаснето тука.
Спојлер Прашањево малку глупо ама.. Каква шминка е дозволена за сликање на лична карта? знам дека ако имаш шминка ти да даваат влажни марамчиња да ја ибришеш, ама секој сака да е убав, освен ако нејќе да се срами да ја покажува личната у наредните 5 години или колку и да трае...
Епа сега нема со вечерна шминка ваљда да се сликаш Јас бев да се сликам за лк минатата недела. Се изначекав, и се изнагледав луѓе како влегуваат да се сликаат. Ниедна девојка не искочи со избришана шминка. Мислам дека би имале проблем со многу темна сенка на очите (зошто на црно-белата слика ќе искочи тоа црно), па некако ќе ја ремети сликата. Иначе да си имаш кармин, римел, руж ставено, нормална секојдневна шминка, стварно не верувам дека некој ќе ти рече избриши се...
Општи прашања - Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за образецот на пасошот , - Уплата за административна такса од 100,00 денари- на уплатница- за лица до 4 годишна возраст, - Уплата за административна такса од 200,00 денари- на уплатница-за лица од 4 до 27 годишна возраст -Уплата за административна такса од 300,00 денари- на уплатница-за лица над 27 годишна возраст Спојлер http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=184&parent=100
Знае ли некој сега за колку дена се вади пасош? Една пријателка сега вадеше и вика дента се јавила и закажале одма за наредниот ден за сликање и за 7 дена и бил готов Спојлер Некако не ми е верно дека за 7 дена ги вадат