Здраво девојки дали има некој познавање во врска со бугарски документи ? Сакам да се информирам за нешто . Извинете не најдов друго место каде можев да го постирам ова
Уште нема официјални информации. Неофицијално, се очекува да пристигнат 40000 до крај на неделава и останатите 60000 до 24ти.
Јас денес си го подигнав пасошот за кој се сликав на 19.02 годинава, така да ако чекате од тогаш може да ги земете. Имам еден проблем - во стариот пасош имав американска виза со уште 9 години важење и кога се сликав ми рекоа ќе ми ја пренесат таа страница во новиот, ама сега кога го подигнав не беше тоа направено и тој таму ми рече ќе си патуваш со двата пасоши или оди во амбасада види среди, ние тука не го правиме тоа. Има некој искуство со префрлање виза од стар во нов пасош??
Не сум баш у тек, отворени ли се линииве за закажување за лична карта? Ова онлајн закажувањево опет не функционира.
Дали некој знае со сигурност дали со промена на адреса е задолжителна промена на пасош? Законот вика само лична карта треба да се смени, ама во МВР ме убедуваат дека морало и пасош...
Јас колку што знам сите документи се менуваат. Е сега, они може да те казнат 25 евра мислам е казната ама ако законот вели поинаку ќе се поништи казната.
Јас живеам на една адреса али сите документи ми се на старата кај што живеев. И сега кога вадев пасош се пишав пак на старата адреса кај што сум уствари сегде заведена. Имаш опција таму да штиклираш ако имаш нова адреса.
Имам другарка во мвр. Одев за промена на адреса и јас. Пасошот е личен докумњнт и нормално дека треба да ти се совпаѓа со податоците од личната карта. Каде и да било ко ќе те идентификуваат ти бараат пасош или лична карта.
Toa e океј логично. Ама законот вели дека пасош се поништува при промена на име, презиме, пол, датум на раѓање или матичен број. За адреса не.
Истата адреса е. Само што зимно време живеам на една адреса а преку лето таму И јас кога бев за пасош искрено се испрпав да не ме замараат нешто
Друго е тоа, и јас не живеам на адресата од лична карта (кај моите родители уште се водам, а живееме под кирија со мм). Но, скоро се регистриравме и во извод веќе имам различни податоци, па морам да ги сменам и документите. Ти никаде немаш промена колку што сфатив.
Може ќе му затреба на некого во иднина информацијава. Ако се менува адреса, задолжителна е промена на лична карта во рок од 30 дена. Промена на пасош НЕ е потребна доколку не се менуваат други податоци (име, презиме, матичен број, датум на раѓање или пол). Да си знаете, пошто во одредени подружници на МВР тврдат дека е задолжително.