Доколку се вади пасош по итна постапка каде се подига во градот кај што е сликано, или пак во Скопје некој со искуство ?
Се подига во градот кај што си го поднела барањето, нема врска што е итна постапка го подигаш од кај што си.
Од лично искуство, во друг град ако се сликаш за брза постапка го добиваш наредниот ден(многу ретко се дешава истиот ден да биде готов), а ако сакаш можеш и од Скопје да го земеш дента кога си се сликала. Ама не ти препорачувам да одиш Скопје оти хаос е и се чека многу ред.
Здраво, дали ако истече лична карта/возачка дозвола можеш да ги користиш старите додека не стигнат нови документи? На мм и лична карта и возачка му се истечени, а треба да патуваме за 10 дена. Ауф. И дали може а се извадат во друг град или мора во тој кај што се водиш по лична карта?
Прашајте во полиција ама не ми се верува. Јас со истечена лична карта(во процедура ми беше новата) неможев да завршам работа. Низ Македонија може ќе можеш да поминеш, и да те сопрат полицијата може да види дека ти се во изработка новите документи. Каква среќа ќе имаш
И од полиција ми кажаа така, ауф ќе си пукнам од неодговорност на мм. Ме нервираат вакви работи многу.
Сите ја правиме таа грешка со документи и ги проверуваме пред да тргаме некаде мој совет е да отидете до местото на ризик, белким нема да ве сопрат па и да ви се погоди некој ептен строг полицаец а за таму не возете многу со колата, особено во ноќните часови. Ако немате потврда дека имате поднесено за нови документи, побарајте да си имате за секој случај.
Ве молам ми треба помош.Ме интересира колку време трае целата процедура со пасошите(никогаш не сум правела пасош) , ситуацијата е следна ноември прам 18... немам лична карта и пасош, но треба да заминам фебруари , кога би било најпаметно да започнам со подготовка со аплицирање и т.н?
За 2 недели сигурно ќе ти биде готов, ти откако ќе наполниш 18 после 3 дена 4 иди и поднеси барање, за 2 недели сигурно ќе биде готов и ќе си раат после. Можеш и после 1 месец нормално, но ако сакаш да си раат иди поднеси и не му ја мисли. Инаку ќе ти треба изввод на родени пред да идеш да поднесеш барање за пасош.
Можеш и како малолетник да извадиш и лична и карта и пасош, единствено различно од нормалната постапка е што е задолжително и присуство на родителите. Ама бидејќи не ти е итно, можеш и да си закажеш веднаш кога ќе наполниш 18 години, 15 дена е рокот по редовна постапка. Повеќе информации за постапката и цени можеш да најдеш на сајтот на МВР. За лична карта: https://mvr.gov.mk/upravni-rab/10 За пасош: https://mvr.gov.mk/upravni-rab/1
Може ли да ми кежете процедура за менување на извод после венчање па што е друго потребно за нова лична карта?
За извод нема никаква постапка. Ако си менувала презиме треба да ја смениш личната карта во рок од 30дена мислам дека беше, закажи и носи со тебе извод, венчаница, старата лк и лк од маж ти. Ако не си менувала презиме не треба ништо да правиш.
Ако имаш склучено граѓански брак, со извод од матична книга на венчани обрати се во Управа за водење матични книги за издавање на извод со новото презиме во кој во забелешка ќе внесат склучен граѓански брак. Со новиот извод имаш право да извадиш нова лична карта.
Нема потреба да имаш извадено извод од раѓање. Доволно е да појдеш со сопругот и тој да носи лична карта за да се потврди.
Го споделив моето искуство. Изводот од матична книга на родени е единствен официјален документ каде што е евидентирана личната состојба (брак, развод) и според него се прават промените во други докуменети, а личната карта е официјален документ за лична идентификација.
На порталот на МВР пишува за документи при склучување на брак дека треба извод од матична книга на родените со новото презиме со склучен брак или извод од матичната книга на венчаните, дали тоа значи дека може да се донесе само изводот од книгата на венчаните? А дали треба да се побара промена на изводот од книгата на родени со новиот брачен статус или тоа автоматски го менуваат?
Пишува ИЛИ, ама во некои места ги бараат и двете, зависи колку писмени службеници ќе ти се погодат. За секој случај, подобро имај и од родени извод, да не те вратат.
Промена мора да има во изводот на родени. Лично треба да се обратиш во Управата за водење на матични книги.