Автоматски го менуваат тоа. Во петокот се регистриравме, во понеделникот одам да извадам извод и по навика го пишувам на барањето моминското презиме и неможев да извадам пишуваше дека таа личност не постои. А никако да ми текне кај ми е грешката..
Маж ми во социјално беше да поднесе документи за еднократна парична помош за новороденче, но ни треба потврда за живеалиште бидејќи мојата лична карта нема 1 година старост. Дали некој може да ми каже каде се поднесува барање за потврда за живеалиште?
Изводот одма ти го издаваат кога ќе поднесеш барање истиот ден ако го вадиш во општината кај што си роден, а ако поднесуваш барање во друга општина ти го издаваат наредниот ден. Нели ако системот не и е паднат сестра ми минатата недела 3 дена по ред одеше и никако да проработи, на четвртиот ден и го дадоа.
Важи. Си пополнуваш и одма плаќаш електронски и кога ќе платиш им го испраќаат барањето, 165 ден е. Инаку имаш опција дали преку пошта да ти го донесат или да одиш на шалтер да си го земеш кога ќе е готов.
Здраво. Сакам да прашам нешто; имам грешка во изводот само една буква пред да почнам средно сакав да го сменам но беше голема процедура дека бев малолетна и реков ќе почекам 18 да наполнам за да можам да сменам .Сега ако може некој да ми каже кај треба да одам прво па како иде процедурата за извофот и на крај лична карта да си извадам. Плис за одговор хитно ми е, фала однапред.
Дали знаете од каде можам да подигнам извод на умрени бидејки тоа шалтерите кај што се земаа имаа пожар? Поднесено е онлајн, платено, и добив известување дека се подига на шалтер, а шалтерите не работат.
За обновување на возачка дозвола, поминат рок и е, ама плус имам и ново презиме. Да знам што треба да носам да не ме вратат кога ќе одам во МВР?
Поднесов онлајн за извод на родени, платив да го добијам по пошта 270 ден, и добив известување дека ќе биде готов за 48 часа, но поминаа две недели и ништо ,дали знае некој каде да се обратам ,зш ни маил ни телефон им работи?
Dali mozi da mi kazite kade da podnesam onlajn za izvod na rodeni? I dali vo Skopje mozam da izvadam izvod a sum rodena vo Kavadarci?
Поднесувам електронски за извод за родени, стискам се согласувам и ми излегува грешка упорно, што е работата? Им пишав емаил ама кој знае дали ќе вратат, а пишува во фебруари дека не работат поради реновирање на објектот, и мора електронски вадење , сега некој да не има вадено па да знае дали работат?