Кога се прави промена на адреса потребен е имотен лист од живеалиштето (стан, куќа) на новата адреса во кој е наведен сопственикот. Ако си склучила граѓански брак и живеалиштето гласи на сопругот, тој треба да извади нов имотен лист.
Пред неколку дена бев да се сликам, менував адреса. Маж ми веќе се водеше на таа адреса и не требаше имотен лист, само негова лична карта.
Здраво, мајка ми се разведува(сеуште не е почната постапката) но ние веќе не живееме таму, сакаме да смениме документи поради промена на адресата, дали некој знае која е процедурата? Се чека ли долго и слично? Фала ви
Ќе правам промена на податоци и ме интересира освен ЛК што друго ќе ми треба од документи? Треба да сменам во ПИОМ, УЈП, ФЗО, во банка или и во друга институција?
Поздрав. Пасошот ми истекува во декември . Би сакала да патувам во странство . Дали ќе ми прават проблем на граница ? Има уште 9 месеци пред да истече .
Сега можеш да закажеш за утре. @LegallyBlonde00 Треба минимум 3 месеци важност, нема да ти прават проблем.
Potrebno e da imate imoten list na vase ime za imotot kade sto sega ziveete, ili pak da imate skluceno dogovor za zakup zaveren kaj notar.
Девојки дали има некоја од вас вадено извод електронски? Ме интересира дали стига меил/нотификација со точен термин кога да си го подигнеш?
Стига емаил дека барањето е обработено и дека можеш да го подигнеш со лична карта во наведена подрачна служба. Може и друго лице со полномошно.
Значи тоа е се, не треба да чекам нов меил со точен термин? Бидејќи веднаш ми стигна таков меил и кај нас ако нешто оди брзо одма е сумљиво
Јас лани поднесував електронски и ми стигна емаил после 15мин дека е обработено, а беше некаде приквечер. Исто сомнително ми беше ама утредента стварно си го земав
Ми треба извод со новото презиме. Од тоа што гледав, не можам да поднесам онлајн затоа што сум се регистрирала пред некоја година со моминското. Дали знае некој да ми каже дали оваа работа можам само на лице место да завршам кај Камен Мост?