Кажете ми, за вадење извод во управа кај камени може ли да се плаќа со картичка? Пробав да се регистрирам на страната за онлајн да завршам работа, ама не ми го активираат акаунтот
Работат, минатата недела бев. Инаку за активацијата, не ти стигна линк на мејлот со кој се регистрираше? Ах, и друго нешто, јас не завршив работа таму, ме препратија во Кисела Вода затоа што адресата ми е во Аеродром. Чисто да имаш во предвид...
Во општината, барака 4. Таа е во едни бараки, до неа има градинка а во близина има и КАМ маркет. Ќе се снајдеш преку google maps. Секако оваа е доколку и починатото лице било со адреса во Аеродром.
Здраво едно прашање што ме загрижува , при закажување на термин за правење на лична карта, дали во овај термин спаѓа и сликањето ?
Прашањево ти е малку неразбирливо, се надевам те разбрав. Термин за лична карта е уствари и самото сликање. Закажуваш термин, одиш се сликаш тоа е тоа.
Закажуваш термин за сликање. Потоа откако ќе се сликаш поминуваат 2 недели додека да ја направат и да ја подигнеш.
Во август го изгубив пасошот и извадив нов. Пред некоја недела коа се враќав за Мк го исправ и сега е оштетен и треба пак да вадам нов. Дали би имала проблем некаков со оглед на тоа дека во една година вадам по втор пат пасош?
Неодамна сменив адреса. Имам лична карта со новата адреса. Дали морам да извадам и нов пасош? Бидејќи на стариот рокот му е до 2028 година. Исто и за децата, истото прашање. Освен тоа, на телефонскиот број за закажување на термини никој не се јавува. Онлајн да закажам - нема термини. Аман веќе.
ако патуваш некаде ќе мораш да бидиш со промена и таму, закажи за некоја следна недела кога ќе има слободен термин