Сакам да си го сменам презимето. Односно мажена сум и сум со 2 те. Првото сакам да го тргнам, да останам само со презимето од сопрувот. Може ова? Кога веќе менуваат и е зошто не и презиме. Да си закажам за лична карта, промена на податоци нешто така?
Не, прво мораш барање за промена на лично име да поднесеш до мвр. Ова е процедурата: https://mvr.gov.mk/upravni-rab/21
Се јавив, ми рекоа само нов извод да извадам таму да се пишам со едното презиме и со тој извод да поднесам за нова лична карта.
Здраво феминки, имам едно прашање ако некоја од вас знае. Братучедка ми живее во странство, пасошот и е истечен а лична карта нема, има термин за да извади нов пасош наскоро - со итна процедура, но помеѓу потребните документи пишува "важечка лична карта или друг документ за идентификација". Да споменам дека е родена во Македонија и може да извади извод од матична книга на родени но не знам дали ја прифаќат? Знам дека и тоа е документ што по принцип "треба" да е доволен и да ја верификува нејзиниот идентитет но имајќи во предвид дека кај нас некои работи се чудни ве прашам ако некоја од вас си извадила пасош само со извод за да се осигурам. Ви благодарам од напред.
Дали вадел некој пасош во беко скоро? Како е со гужва? Имаме термин за бебе па да знам шо да очекувам.
За жива глава неможам да си го најдам пасошот, немам нигде мрднато откако извадив нов пред 3 години .. треба да одам на службен пат за Германија за еден месец, да сум толку баксуз тоа чудо некое... Избрав секаде, извртив се наопаку... веќе нервоза ме фаќа... Имал некој слично искуство, што да правам сега... Прво треба да се поднесе барање за изгубена патна исправа, па потоа да вадам нов со итна постапка...
Да доаѓаат да проверат но често доколку не ја најдат личноста дома прашуваат некој од комшиите дали тој и тој живее таму, и тоа е се. А инаку мислам дека се одеше во општината и таму се поднесуваше барање, мислам дека требаше копија од лична карта, имот не постар од 6 месеци.. не сум сигурна како беше точно :/
Здраво. Дали знае некој дали може да се помине граница со истечена лична карта, или важечка возачка? За Албанија конкретно ме интересира.
Здраво, ве молам за помош. Откако ќе се закажам за сликање дали може да го превземам барањето за лична карта од страната на МВР наместо да чекам на шалтер?
Дали некој деновиве земал пасош? Ме интересира за колку време може да го очекувам, утре ми е терминот за сликање, теоретски знам дека ги изработуваат за 10 работни дена, но како е практично??? Има некој потазе информација?