Дали некој има поддадено за лична карта периодов? Ме интересира за колку време е готова, по порталиве читав некаде 1 месец се чекало...
Земавме денес пасош на ќерката, се сликаше пред десет дена, ама за земање од МТВ се чека цел саат, има гужва и ниту маски ниту дистанца има, бидете подготвени на тоа
Здраво дали знаете за подигање пасош во МТВ од колку сабајле до колку навечер работат? И кое време нема толкава огромна гужва
Се сликаат и даваат потврди за лични карти кои можат секаде да ги приложуваат каде што е потребно. И покрај сликањето, издавање на лични моментално е запрено. Наместо лични, потврди.
Во банка кога ќе истече важноста на личната карта обавезно бараат да се ажурираат податоците, односно бараат да се запише новиот број на лична карта, важност од кога до кога. Без ажурирање на личните податоци, додека се чека да се направи личната карта не сакаат ни да слушнат да ти завршат работа. Ако потврдата која им ја даваат на овие сега што се сликаат е иста како мојата што ми ја дадоа пред нова година кога вадев лична карта луѓето сигурно ќе си имаат проблем во банка. Единствено што ми текнува за да не им прават проблем во банка е доколку на потврдите стои и сликата што ги сликале и ако го пишува новиот број што ќе им биде на личната карта.
Еве како што реков и претходно во банка не ги примаат тие ливчињата. https://telma.com.mk/2021/08/17/нема-лични-карти-граѓаните-неможат-да/
Не можам да најдам посоодветна тема, па ајде тука. Извадив нова лична и пасош заради промена на презиме, па ме интересира што друго треба да сменам? Дали треба во УЈП нешто? Знам дека треба и за здравственото осигурување, само не знам дали треба во ПИОМ или? И ако има линк со потребни документи споделете ми, или пишете што треба. Фала однапред.
Блокадата на Законот за лични карти остави 40.000 граѓани без документ за идентификација. https://makfax.com.mk/makedonija/над-40-000-граѓани-се-без-лични-карти-решени/
Ако работи уште сајтот, може барањето и онлајн да се поднесе, а за подигање колку што знам мора лично.
Како што нема лични документи, кога ќе ги пуштат изгледа за да се добие скоро исто како лотарија добиток ќе е.
Јас не знам што не ги направат со стариот закон што уште е во функција со старото име на државата. Што само комплицираат јас не знам...
Како може да е стариот Закон во функција и по него да се постапува кога новиот е стапен на сила на 01.07.2021 ?! Убаво си пишува дека ,,Моментално издадените личните карти со име на државата „Република Македонија“, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдоцна до 12 февруари 2024 година,,
Чекај ти за кој Закон ми велиш дека е стапен на сила на 01.07.2021 год.? Нели новиот Закон е уште во собраниска процедура и затоа е закочено сега издавањето на личните карти со новото уставно име на државата? Вчера баш на вести слушнав мислам ВМРО рекоа зошто не ги издадат личните карти со старото име, бидејќи уште важи стариот закон, додека да се изгласа новиот.