Не знам јас кои се провладини, а кои не. Заев рекол дека Левица е крива што немало уште л.к оти го блокирале законот за етничка припадност
Мислејќи дека законот ќе се донесе навреме законот или за да направат хаос и со тоа да се изврши притисок од народот врз Левица за да го одблокираат законот, власта си го смена софтверот, а законот уште не е донесен. Колку и да ја префрлаат вината врз Левица, не смеат да се правдаат со фактот дека не смеат да печатат нови лични карти зашто законот не е донесен. А да ве прашам јас, зошто го сменивте софтверот без донесен закон? Кој ќе ја понесе вината за тоа? За жал, заради нечии лични интереси, пак народот ќе страда.
Ова е вистинското прашање. Како тоа прво ОП па после рипаш ? Кој работи во таква бранша, јасно му е како оди набавка на хардвер и софтвер и колку е тоа бавно и споро.
Набавка и имплементација се две различни работи. Плус, знаеја дека Левица ќе блокира. Зошто тоа не се зеде во предвид? Risk assesment, нешто?
Пасошо ми истекува за 3 месеци, се надевам до тогаш, ќе биде работата. Со тоа пусулчето не можам да ажурирам лични податоци во банка, ми бара број на л.к. Не знам колку време толерираат банките без ажурирани податоци. Во градинка за пријава на бебето исто бараат број на лк. Многу неодговорно. За жал ние ќе си страдаме како и секогаш
Гледај да завршиш работи додека не ти истекол пасошот, зашто ова со л.к. ќе биде долга и широка политичка борба
Нашава влада се бетер од Талибанци. Види колку фино си го решија проблемот: https://republika.mk/vesti/makedoni...i-karti-so-ceverna-iako-zakonot-ne-e-donesen/
Какви сакаат нека бидат личните карти, важно е луѓето да добијат лични карти да можат да си завршат работа кај што треба. А не да бидат толку луѓе закочени.
Никој не е против да се вадат лк Глупоста е како е изведено и зошто се чекаше да дојде до тоа. Како можеш да менуваш нешто без подлога? Го смениле МВР софтверот без променет закон?! Додека не се промени Закон,важи стариот, не може "во најава".Мора да се објави во Службен Весник. Пр во врска си со девојката / дечкото и го менуваш презимето или адресата на живеење во лк со образложение дека "очекуваш" да стапите во брак?! А ако има компликации од многу причини?! И? И каде тоа под законски акт од Извршен орган е над недонесен Закон во Законодавен орган?! Пази Законот е во Собрание. Донеле Уредба?!! Ова е школски пример за кривична пријава на тој што го потпишал ова. Не сум против ама е несмасно донесено, се калкулираше многу и сега во брзање се прават глупости.
Во право си. Додека не се донесе Закон или промена на Закон од Собрание и не се објави во Службен весник, важи стариот. Само Заев нема да одговара, ќе одговара тој што потпишал.
Воопшто не е во ред. Зошто постојат закони ако не се почитуваат? Ако ова помине неказнето, може ли да замислите што се' можат да си пројдат на влада.
Здраво, може ли некој да ми каже како да постапам зошто ми го нема пасошот? Дали само да закажам термин за нов или има и нешто друго?
Prvo vo policija go prijavuvas za izguben, tie vo sluzben vesnik objavuvaat , mislam deka ima rok od 1 nedela. Posle toj stanuva nevazecki i si zakazuvas za nov pasos.