Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични документи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од iskusna, 18 март 2010.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Моментално изводи се вадат во Општината Кисела Вода во барака 4 (работно време 9:30-14:00) и во Ѓорче Петров во матичната служба (не знам точно од колку почнуваат мислам од 9 или 9:30 и работат до 15 часот колку што знам). Во Центар кај стара Комерцијална банка НЕ, прво бев таму, ама бев вратена.
    Јас требаше да чекам 6 работни дена. Кога отидов компјутерски им беше готов, ама немаа обрасци за да ми го испринтаат, па морав да чекам уште една цела недела.
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Пред 6 недели нарачав и платив електронски извод од матична книга
    на родени. Требало да чекам известување. Немаше.
    Пред 2 недели бев лично во матичното. Ми рекоа немале формулари.
    Мислам дека тоа беше изговор.
    Пробував неколку пати да се јавам, никој не креваше.
    Пробав и со електронска пошта ама ми се врати како недоставена.

    Денес се јавив пак по телефон. Овојпат кренаа.
    Ја појаснив состојбата. Рекоа ќе проверат.
    По повеќе часови ми се јавија дека е готово и да си одам да си ги
    земам.
    Одисеја 2022.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marty 0102

    marty 0102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2018
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Za kolku vreme izgotvuvaat drzavjanstvo ?
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Одма
     
  5. Miss Celestial

    Miss Celestial Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Здраво, ќе менувам лична карта поради промена на адреса поради брак (само адреса, не презиме). Дали знаете дали ќе биде проблем ако не ги сменам и пасошот и возачката, бидејќи ми се важечки уште неколку години? Пример ако патувам дали можат да ми направат проблем? Фала однапред.
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    18.357
    Пол:
    Женски
    Ние се преселивме пред една година и секаде уште ни стои старата адреса, поточно адресата на свекрва ми. Кога ке истечат ке смениме се. Само за адреса не ми се даваат пари.
     
  7. Miss Celestial

    Miss Celestial Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Мене ми истекува личната, затоа ја менувам право со новата адреса. Но пасошот и возачката не би ги сменила сега ако не морам бидејќи важат уште неколку години, па мислев дали ќе ми прават проблем кога ќе патувам бидејќи во пасош ќе ми стои старата адреса.
     
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    18.357
    Пол:
    Женски
    Пиши ја старата адреса тогаш. :D
    Прават проблеми ако вадите пасош за дете, и адресата ви е различна на лични карти. Само не ми е јасно што им е битна адресата.
     
  9. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    За возачка не знам, ама пасош не мора да менуваш чим не менуваш презиме. Кога ќе ти истече сегашниот тогаш во новиот ќе си ја ставиш адресата од лична карта.
    Лична карта законски мораш да смениш, ама прогледуваат низ прсти и за тоа.
     
    На Miss Celestial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Машки
    https://termin.mvr.gov.mk/Reservation

    зошто кога сакам да резервизам ми дава "не постои слободен термин во бараниот период" ? Пробав за скоро цела недела, нејќи :D
     
  11. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    И цел месец да се обидуваш пак нема да има слободен термин едноставно не функционира Е ЗАКАЖУВАЊЕ. Јави се на 072 929 292 после 8:30 h ќе ти закажат
     
  12. Miss Celestial

    Miss Celestial Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Затоа што во наредните две недели сите термини се закажани. И да се јавиш на телефон исто ќе ти закажат за после две недели. Јас минатата недела закажав онлајн за после две недели. За Скопје ова.
     
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.466
    Пол:
    Женски
    Извод од родени, може и во Скопје да се поднесе и подигне, или мора како на стариот во општината на раѓање?
     
  14. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Може било каде, само поспоро оди процедурата ако во друга општина поднесуваш пошто чекаат одобрување од општината на раѓање пред да го издадат.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.466
    Пол:
    Женски
    Како би било побрзо, ако одиме да вадиме директно на шалтери или онлајн апликација?
     
  16. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Здраво
    Вака, не сум од ск нити јас нити сопругот и се водиме во др град по адреса во лична карта
    Во ск живееме во стан на мајка ми
    Бев во паркинзи да прашам како да регулирам паркинг место ми рекоа или привремен престој да извадам или да поднесам за нова лична карта
    Што ми е попаметно и ако некој поднел за лична карта вака колку време чекал за истата?
     
  17. Anii016

    Anii016 Нов член

    Се зачлени на:
    24 март 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво!!
    Сакам да се информирам дали ако имам добиено датум за виза со аплицирање од стариот пасош а потоа извадам нов пасош со нов број на пасош ( што е нормално),дали датумот за визата би важел или треба да аплицирам за нов датум. Ви благодарам од напред, имајте пријатно попладне.:):*
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски

    Пробај за датуми после месец дена, има. За наредни две недели се е закажано. Иначе онлајн закажувањето си функционира, само што ние сакаме денес за утре или за наредна недела. За пасоши обично потешко се наоѓаат термини во брзо време, за лична карта и возачка има и за следен ден.
     
  19. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    132
    Почитувани,


    Во јуни ќе се мажам па имам неколку прашања:
    1. Дали е дозволено паралелно вадење на документи (лична,возачка,пасош)?
    2. Дали кога ќе одам да вадам пасош со новото презиме/адреса ќе ми го земат стариот пасош кој што си е валиден, но потребен ми е за да одиме на одмор една недела после свадбата?
    3. Дали доколку НЕ ми го земат стариот пасош, а имам започнато процедура за менување на нов пасош, ќе ми претставува проблем да излезам од државата со стариот пасош?


    Ви благодарам
     
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    18.357
    Пол:
    Женски
    1. Да, јас менував пасош и лична карта. Си има дел каде ке штиклираш зошто менуваш.
    2. Не. Пред две недели вадев на синко, стариот ни го дадоа затоа што имаше уште важност. Кога отидов да го земам новиот, го поништија стариот ама го вратија. За спомен, мислам.
    3. Да. Доколку си има важност можеш да одиш. Имаш еден месец рок да го смениш, ама прочитај за сигурно за рокот да не смениле нешто.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.