Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични документи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од iskusna, 18 март 2010.

  1. MarijaaaObr

    MarijaaaObr Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2015
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Здраво може ли да ми кажете каде се треба да ги ажурираам податоците после промена на презимето и адресата по лична карта? Освен во банка. Благодарам.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски

    Прво се сликаш за лк, после со тоа ливче за пасош и возачка.
    Стариот пасош ќе ти го задржат ако ти е валиден, а ќе ти го вратат кога ќе го подигнеш новиот, поништен.
    Ако ти го земат стариот пасош, нема како да излезеш од државата.
     
  3. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
     
  4. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    2.582
    Треба да вадам нов пасош по брза постапка. Дали го праќаат директно во матичниот град или мора да се оди лично да се подигне во Скопје? И за колку дена е готов новиот пасош?
     
  5. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Пасошот ќе го добиеш на истото место каде што си се сликала. Ќе ти биде готов за 48 часа.
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    За 2 дена го добиваш во матичниот град, а ако се сликаш пред 12 часот можеш истиот или утредента да го подигнеш од Скопје ако не ти се чека.


    Јас да прашам, закажав за пасош ама не добив потврда на меил иако пишуваше дека ќе добијам. Сигурна сум дека точно го напишав.. важи ли резервацијата сега или не? Сте имале ли вакво искуство претходно?
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум добила повратен мејл, ама терминот ми бил закажан. Во делот кај што пишува резервации, отвори го и внеси го матичниот број, ќе ти го извади терминот ако имаш закажано.
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Треба нов пасош да вадам деновиве. Како е сега за вадење пасош, има многу гужви или побрзо се завршува периодов, некој ако скоро земал пасош?
     
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    12.764
    Пол:
    Машки
    Јас имам термин за сликање сега овие денови и мислам дека имаше гужва за закажување на термин за сликање, а самата процедура за изработка и издавање/подигнување е без застој.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Значи што побрзо да си закажам. Фала ти.
     
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    12.764
    Пол:
    Машки
    Да да, врти повеќе пати зашто ретко креваат од прва. Инаку, закажував првата недела од март, дуури за прва недела од мај прв слободен термин, сега можеби е растеретено.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Може ли електронски да се откаже терминот и да се премести за друг ден? :)Не можам да најдам на страната..
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Не може, мораш да презакажеш, и тоа по итна постапка ако прво си закажала по редовна. А во спротивно нема да ти го прифати менувањето на терминот.
    Единствено да се јавиш да ти го презакажат за друг ден.

    @Dream-Girl јас во март закажав сликање за 15 април, и тоа попладне беше, не мора од сабајле, цел ден работат. Е уште не ги имам подигнато пасошите, не дошло на ред, ама готови се верувам, оти поминаа 15 работни дена.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Се сликав, ептен брзо најдов термин јас. Изгледа за Велигден дека се патуваше, па тогаш гужви ептен биле за пасоши. Сега ич немаше гужви неделава. :)
     
  15. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Имав претходно резервирано за по итна постапка, пробав да закажам нов термин исто со итна постапка и ми вика дека веќе имам закажано.. не најдов друга опција освен да се јавам во понеделник.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Е па ако пробаш да закажеш друг термин по редовна постапка ќе ти го прифати, за итна нема.
    Знам мм кога обновуваше возачка, си закажал термин, ама наместо за февруари закажал за март по редовна постапка, а му требаше побрзо. Го смени терминот со тоа што закажа за итна постапка и така му ја изработија. Инаку не прифаќаше системот промена на датумот, секогаш излегуваше дека веќе има закажано.
     
  17. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    А да не знаеш случајно ако закажам за редовна дали таму на терминот може да поместам за итна или мора да остане редовна како што сум закажала? :D
    Македонска работа :rofl:
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Мора да остане редовна. И мм сакаше по редовна наместо по итна кога отиде да се слика, ама му рекоа дека не може.
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу :l:
    Ќе се јавам во понеделник чим така, да променам.
    Некако ептен глупо им е направено, ако вршиш услуги онлајн нека биде целосно, не овака.. ама тоа е.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.466
    Пол:
    Женски
    Здраво.

    Склучив граѓански брак, на моето го додадов негово презиме.
    Прво треба извод нов да извадам, после за лична карта, пасош, возачка или како оди редот??