Така како што си напишала. Изводот секако ти треба за да можеш лична карта да извадиш, после пасошот и возачката само со личната карта ќе ги смениш.
Јас не вадев извод, немам извод со ново презиме. Закажав за сликање на лична карта и пасош во ист ден. Ова пред 3 години.
Не ти бараа извод за промена на лична карта? Мене пред 12 години ми побараа, венчаница и лк од мм за да извадам лична карта со новото презиме.
Не, ништо посебно не вадев, а венчаница можеби сум носела. Извод од родени не вадев 100%. И пасош и лк во исто време вадев. Имаат се во систем, зависи како ке им е кеф.
Здраво, Да прашам дали работат матичните служби за вадење изводи или уште штрајкуваат? Дали има некоја информација некаде?
Здраво, утре треба да се сликам за лична карта и пасош. Некој што скоро вадел документи да ми објасни како идеше, треба прво на шалтер барање да потполнувам, па да уплатам у пошта, па после сликање? Сум заборавила, а сигурно ќе има гужва па да не отиде терминот.
Дали некој/а вадел лична карта по истекување? Нешто казна да не треба да се плаќа, дека нешто во законот пишуваше најдоцна 30 дена пред истек треба да се замени, ама па на законот пишуваше 1995 година и некако не ми е најверодостоен.
Здраво, за промена на лични податоци со ново презиме и адреса штп треба? Маж ми се води на друга адреса а јас сакам да се ставам на адресата каде што живееме моментално (различна од неговата) дали ми треба дополнотелен документ освен негова лк и извод од венчани? Благодарам однапред