Здраво, дали некој има информација дали се плаќа казна и колку би била за изгубен пасош ако истиот бил издаден пред околу 30 години и после тоа не бил продолжуван?
Дали некој од вас има закажано сликање за пасош во друг град, а не во тој по адреса и лична карта? Моментално сме со престој во град од внатрешноста а инаку сме жители на град Скопје
Јас колку што знам не можи да се сликате во друг град за пасош. Можи сте закажале ама нема да можи да се сликате таму.
Дечки, врз основ на што се може да се смени адреса во лична карта? Имотен океј знам тоа. Пример: живеам каде што не плаќам кирија ама сакам да се пријавам на таа адреса? Што треба во МВР при сликање?
Имам закажано сликање за лична карта, дали може на мојот термин да отиде мојот сопруг? Или ке треба да се јавам на бројот за закажување ? Ако некој знае да ми каже дали ќе може
Дали може да се излезе од државата за 10 дена и пак да се вратиш со потврда издадена од полиција дека пасошот ти е во процедура (си уплатил и си се сликал) и плус стариот истечен пасош? И каде би можела да добијам точна информација? П.С. и личната карта ми е со поминат рок...
Не може. Само пасошот е валиден документ. А лична карта, неистечена, е валидна во соседните земји со кои имаме договор за тоа.
Изјава од тој кај што живееш и имотен лист и таму некои формулари се пополнуваат Во 37 или 39 соба беше во мтв
При промена на презиме и адреса поради брак, освен лична карта, возачка и пасош дали треба нешто друго да се менува?
Напротив, пасошот е за идентификација при излез и влез во државата и другите држави и тој служи за идентификација во државата во која сте влегле до нејзино излегување, само по исклучок со некои држави може личната карта да служи како патна исправа и да служи за идентификација во странство како што имаме ние како држава склучено таков билатерален договор со друга држава, на пример така е со Србија, таму можеш да влезете со лична карта и со истата да се идентификувате. Инаку во мк исклучиво се идентификува со лична карта и тоа и е единствената суштина зошто ги издаваат личните карти, само по исклучок може да се идентификуваш со пасош доколку ти е во постапка вадење нова лична карта заради губење, оштетеност на истата, итн., иако во пракса голем број институции дозволуваат директно да се идентификуваш со пасош или дури само со возачка дозвола, ако полицицаец те застане за редовна проверка и му покажеш само пасош и/или возачка дозвола, тој по закон има право да ти побара да покажеш лична карта ако не ја носиш со себе ќе ти пише глоба иако те идентификувал врз основа на пасош/ возачка, освен ако не му покажеш доказ (листот од МВР) дека чекаш да ти ја издадат новата лична карта, токму и затоа по исклучок се идентификуваш со пасош/ возачка. Ова ти го кажувам затоа што по закон секој граѓанин е должен во мк да носи со себе лична карта, по исклучок како што пишав погоре друг документ за лична идентификација. Не ти контрирам чисто добронамерно те советувам носи си лична карта, глобата мислам дека беше 50 евра, зошто да ги дадеш така, кога една лична карта за да се извади 150 ден.
Еднаш да те фстат, ти е казна ко за цел живот лична карта да имаш. А не ми е јасно зашто не вадиш, кога ти треба за секаде, ова е ко да не сакаш книшка за здраство да имаш.