Здраво. Како се вика тоа кога човекот има само година на раѓање на извод без ден и месец? Дали таков извод важи во сите институции? Поздрав.
Дали некој вадел електронски извод од е-порталот на УВКМ? Функционира ли воопшто или џабе си ги дадов парите?
Функционира, јас кога вадев почекав повеќе зошто во тој период протестираа, всушност изводот бил за брзо време готов откако поднесов но за достава почекав.
Фала многу на одговорот. Jас поднесов барање да ми стигне онлајн односно на меил, без дополнителна достава или подигнување од управата оти мислев дека ќе биде побрзо, но еве цела недела помина и уште документот е "во обработка". Тоа е, ќе си чекам.
За лична карта нема брза постапка, а за пасош е 4500 денари + 200 или 300 денари административна такса.
Иам тремин за пасош, и знам стариот ти го зимаат одма. Фората е шо личната карта ми е истечена, па со кој документ би можела да го подигнам новиот пасош? Дали може со ауфентал, гремански?
Луѓе, личната карта и пасошот ми истекуваат денес. Имав термин денес за да се сликам за пасош ама кога отидов ме одбија затоа што треба да се сликам во градот според кој се водам на личната карта. Дали може пак да закажам термин онлајн ама во родниот град? Ќе ме прифатат? и како ќе ги подигнам, мора пак да се враќам таму или ќе ми ги пратат тука?
Да, јас 2 пати утнував термин и ништо не ми рекоа, нема зашто да те одбијат мора да извадиш лични документи. Само закажи во градот по кој се водиш по лична
Мислам дека мора да покажеш важечки документ за идентификација уште при сликање ако добро памтам. Ауфентал не знам што е, ама ако е нешто како лична карта тогаш можеш и со тоа, доколку се водиш како да немаш живеалиште во Македонија, во спротивно не знам. А старите пасоши мене само ми ги поништувале досега, пак кај мене си останувале. Ќе те прифатат, зошто не би? За подигање ќе мораш пак да одиш.
Дали некој од вас има искуство со додавање на презиме од сопруг од странство кое ја содржи буквата "W"? Поднесено е пријавено и кај нас во матична книга на венчани. Тоа е завршено со кириличната форма и превод како Вв. (така ми ја бараа од мвр и матична) Прашањето ми е за во МВР. Ме известија дека во полето за латинична форма, не може да стои оригиналната изворна форма на презимето, него од преводот се пренесува пак на латинично писмо според кирилицата односно Vv. Во овој случај добивам друго презиме во графата за интернационална употреба. Што во земјата каде треба да поднесам понатаму документи ми тврдат дека е апсолутна глупост да не може да се впише буква W во интернационалната графа која треба да ја водат по ICAO 9303. Со цел да се избегне двојна форма на исто презиме. Thanks
До колку часот може да се извади уверение за државјанство и извод во она "Една точка за услуги" позади Археолошки музеј? И доколку некој може да ми ги прати барањата