Јас на телефон се јавив да закажам за пасош и лична карта и ми закажаа за двете во ист термин, иста кабина. Едит: и мене не ми се истечени, до 2030 ми важат
Дали постои начин да се извади уверение за државјанство по брза постапка? Порано одма го даваа, сега се чека, а немам време за чекање.
Дали некој знае дали во банка ќе примат да им однесам возачка дозвола да не ми ја исклучат сметката? (личната карта и пасошот ми истекуваат па додека да стигнат новите ми е страв да не ми ја оневозможат сметката во банката за плата и повлекување средства) само возачката ми важи пошто ја извадив пред неколку месеци
Не, ништо друго освен лк и пасош. Има период до кога можеш да ја користиш пред да направат било што, нема зошто да се плашиш.
Зависи од самата банка. Во (тогашна) Еуростандард банка ми ја оневозможија сметката, а во НЛБ банка ми побараа да им ја однесам Потврдата дека се вади нова лична карта и ми исплатија средства (ситуација 2014 година, дали е сменето нешто не знам).
Веднаш се вади ако нема промени, може и онлине. Ако има промена некаква, например сте купиле нешто околу 3 дена.
За тие што се во странство, дали знаете дали може возачка дозвола да се извади преку амбасада (всушност да се замени со нова, поради „Северна“)?
Здраво, дали термини за сликање за пасош закажуваат за брзо или се чека и за колку дена од денот на сликање го издаваат?
Можиш да провериш online да видиш кога имаш термин, за брзо не ми се верва пошто веќе почнаја летните одмори и сите вадат пасош, а е готов за 10 работни дена
Здраво,треба да направам промена на презиме и адреса на пасош бидејќи сум мажена личната карта ми е сменета но пасошот уште ми а на моминско презиме и адреса,дали знае некој кои документи се носат во полиција и колку пари изнесува казната?