Би требало да се патува, сѐ уште важат (до 12 февруари 2024 година). Се ставаше печат. Дали е сменето нешто не знам.
Iznerviraa me u vtorniko i naouružuvav se so trpenie ovie denovi i utre pa ke odam, pa ke pišam tuka kakov e bil ishodot
После 10 работни дена дека се готови - за редовна постапка. Едино да провериш накај 15ти дали ти е готов да прашаш. Може.
Личните карти важат 10 години (над 27 години), 5 години (под 27 години) или 1 година (за тие што често ја губат личната карта). Личната карта не мора да ја менуваш заради промена на името на улицата, закон донесен во 2012 година.
Ај да ве прашам за искуство. Вчера забележав дека, лани истекоа важноста на личната карта. До душа и не ни знаев каде ми е, па ниту сум ја користел! Обично за се што треба го користам пасошот! Дали некој има искуство, околу тоа дали мора да имаш лична карта? Во секое време?
Должен си да имаш лична карта. Спремај се да платиш глоба од 20 до 80 евра во денарска противвредност.
Мојата уште си стои во полиција веќе две години, не ми е подигната. Пасошот само го користев. Така да немаш гајле. Али кога ќе вадиш нов пасош ќе ти барат и нова лична карта да извадиш е тогаш може казна да ти бапнат.
За едно чудо есеноска вадев нов пасош, ни лична карта ми побараа ниту ништо.. Едино само матичен број ми побараа.
Да прашам некој што вадел извод на родени скоро поради промена на презиме, за колку дена го издаваат?
Дечки сакам да направам онлајн термин за пасош и лична карта, е сега од кога ќе ги внесам податоците и ќе стиснам на проследи барање, дали они автоматски ми го даваат првиот слободен термин или можам јас да си бирам? Терминот ми треба за после три недели. Доколку е автоматски, кога би било најдобро време за закажување? Фала
Не дава автоматски кои се зафатени/слободни Него ти треба на тепка да идеш термин по термин и да пробуваш дали е слободен. Барем јас летото лани коа закажував беше уште вака. Многу е зафркнато така ако не смениле у меѓувреме.
@Munchmallow20 исто е, не е ништо менато, јас во мај закажвав за да сменам документи заради северна, дури јуни најдов термин, дур да нагодам кликни еден кликни друг....
Замисли Мој термин да функционираше така. Дур ти најде матичниот слободен термин на тепка, побрзо дома сам ќе се излечиш Мнооогу било тешко да прилагодат да се обележани слободните.
здраво, се јавив денес да закажам за нов пасош ама ми дадоа термин во август, мене тоа не ми одговара, дали ако закажам со брза постапка ќе ми дадат термин порано? ви благодарам.
Дали некој знае да ми каже информација дали броевите за контакт за закажување за патна исправа работат 24/7? И можеме во било кое време да се јавиме да закажеме?