За електронско закажување за пасош ми укажува на невалидна емаил адреса? Дали некој имал сличен проблем?
Да на овој линк сум,се внесувам како што треба но со мејлот има проблем вели дека е невалиден. Да креирам нов или?
Јас имав таков проблем, но ја избирав од предлози. Нели ако закажуваш од телефон, кога ќе почнеш да пишеш ти излегува во понудени на тастатурата и кликаш, не ја допишуваш. Потоа пробав да ја напишам целосно, да ја искуцам до крај и тогаш немав проблем. Ова ми се случува и на други сајтови, не знам што е причината.
Ме уплаши и проверив сега, за итна постапка има термини. Не можам да закажам за Септември уште е рано.
Последен пат кога плаќав ми земаа 70 денари провизија (не плаќав за личен документ). Дали ќе плаќаш во банка или пошта исто е бидејќи и поштата е банка (сега имаат договор со Халк банка, претходно со Еуростандард банка, претходно беа Поштенска банка). За банките многу е важно дали ќе платиш пред или после (ако не грешам) 14:00 часот. После (ако не грешам) 14:00 часот провизијата е 250 денари. Најдобро е да платиш со картичка, или пак со Интернет е-банка. Провизијата е 13 денари (Комерцијална банка А.Д. Скопје).