Нема на што. За пасош: 1.500 денари (до 27 години)/2.000 денари (над 27 години)/6.100 денари (за 2 дена).
Може само по итна постапка, но се плаќа „солено“ – 6.100 денари + административна такса + провизија на банката. Издавање на патна исправа по итна постапка
Може на самиот ден кога е сликањето за пасош и лична карта да се уплати на лице место во Мвр со картичка така? Зошто порано немаа терминал, па мораше плаќање во Пошта или во банка. Не знам како е сега, не сум вадела лични документи уште од пред да не направат Северџистан
Дали знаете што се случува со страната на мвр за закажување? Неколку дена по ред ми јавува дека ако ја отворам не е безбедна.
Дали и државјанството треба да се смени на Северна? Дали при поднесување документи (кокретно за вработување) може да прават проблем доколку не е сменето?
Не треба сега да се менува, ќе се менува после пет години кога ќе го отвориме поглавјето со Европската унија за внатрешни работи. Не треба да имаш никакви проблеми.
Ми закажаа за пасош за сликање по брза постапка за во сабота е сеа прашањето ми е дали би бил готов во понеделник или малце тешко тоа
Пасошите по итна постапка ги издаваат наредниот ден после 16h. Би требало во понеделник после 16 да ти биде готов.