1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични документи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од iskusna, 18 март 2010.

  1. la.malparida

    la.malparida Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    на кој број се закажува за сликање за лична карта. вртев на 0800 192 92, но вика дека не постои. ??? некој знае кој е бројот?
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да не вртиш од мобилен? Од мобилен не може да се јавиш, инаку не знам дека е променет бројот. Можеш и онлајн да си закажеш, ќе ти стигне емаил со термин и место за сликање.
     
    На la.malparida му/ѝ се допаѓа ова.
  3. la.malparida

    la.malparida Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски

    да од мобилен вртев, значи само од фиксен можело. во ред фала ти санфемина
     
  4. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Девојки, вадел некој во брзо време лична карта?На 26ти ми истекува па си закажав термин, во Понеделник, ама не прашав што документи треба да се однесат и ако треба да се уплати, која е сумата?
     
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    http://www.mvr.gov.mk/desktopdefault.aspx?tabindex=5&tabid=187&parent=100
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Прашање до тие што скоро менувале лична карта заради брак.
    За да ја сменам и адресата на живеење треба како доказ да ја приложам личната карта на сопругот, така?
    Знам дека порано беше вака, ама сега не сум сигурна :?:
    тнх
     
  7. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    јас баш сега прашував за менување адреса на лична карта и мене ми рекоа дека ми треба барање,копија од моја лична карта,имотен лист од станот на новата адреса и копија од лична карта на лицето на чие име гласи станот

    најдобро да си прашаш во СВР
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shya

    Shya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    An-na потребна ти е и личната карта на сопругот.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  9. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    11.949
    Дечки јас имам едно прашање. Ми помина рокот на важност на пасошот и сега ме интересира дали е иста процедурата како кога издаваме пасош за прв пат, пошто нешто ме збуни мајка ми која вели дека требало само да се остави стариот пасош на шалтер и да и се продолжи рокот. Не знам колку е точно ова, она така знае од порано демек така било а и плус тоа видов дека кај барањето во делот на Причина за барање на издавање на пасош, втората опција е -редовна измена заради изминат рок-..Дали ова има нешто врска со тоа претходно што го кажав? Ако некоја од вас знае, ве молам нека сподели :) Фала од напред.
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Таа опција за редовна измена заради изминат рок се заокружува на барањето, но не се продолжува стариот пасош туку кога поднесуваш барање во закажаниот термин имаш ново сликање, потпишуваш и за 2-3 недели одиш да подигнеш нов пасош. Стариот се носи и се дава за да се поништи.
     
    На deliza му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    2.522
    Вака:пред некој ден ја изгубив личната карта и знам дека треба да се пријави во службен весник бла бла..прашањето ми е за колку време ќе можам да извадам нова? и дали повторно ќе биде потребно да одам со двајца родители дека сум малолетна? моите никако да се погодат од работа па мислев да не може сега со еден родител да се отиде,дека минатиот пат кога вадев двајцата беа
     
  12. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    2.522
    И колку пари е да се извади нова слободна?
     
  13. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    243
    Постапка при промена на лични податоци

    Здраво
    Дали ќе може да ми кажете која е постапката при промена на лични податоци, односно на презиме при склучување на брак, и колку долго трае целата постапка за средување на документите
     
  14. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Сакам за Нова Година да одам надвор од Македонија и денеска сосем случајно го проверив пасошот и видов дека ми истекува на 2 Февруари 2015.Дали знаете како е правилото за патување, дали ќе можам со него да патувам или ќе треба да вадам нов???Нешто ми се врти во глава дека не треба да бидат истечени последните 3 месеци.
     
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.209
    Пол:
    Женски
    Треба нов, комшија мој беше 2 и пол месеци пред истек на рок и го вратија на аеродром
     
  16. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа дека за патување со авион не треба да ти се поминати последните три месец од истекувањето на пасошот.Се јавив директно во агенцијата со која ќе патуваме и ми кажаа бидејќи патувам групно нема да ми прават проблеми, но ако патував индивидуално можно е да ми направеле проблем.
    Сепак фала зи инфото :)
     
  17. B.Bulka

    B.Bulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    842
    И јас со истата траума бев , имав резерирано авионска карта за берлин од софија, на 7 декември, и на 6 пред тргнување случајно го отварам пасошот ( убедена дека ми важи до 2016 година) и кога ми застанува срцето, пишува: важи до 23.12.2014 :o::o и јас мислев дека ќе ми прават проблем ама не, воопшто никој ништо не ми рече , ни на одење ни на враќање, а и ако имаш повратна карта , навистина нема потреба да се секираш ;)
     
  18. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Дечки, сакам да одам до Бугарија викендов т.е.еден ден, ама пасошот ми истекува за 1 месец, па дали е тоа проблем? (не е групно патување, приватно, друштво со кола)

    Пребарував многу страници за да ги видам правилата за валидност на пасош и слично, но секаде наоѓав дека треба да важи минимум 3 месеци АКО вадиш виза. Повеќе информации има за граѓаните на Америка, Англија, Канада и слично и за секого е различно.

    Дали некој од вас бил скоро со пасош 'при крај'? :D

    Прашав неколку луѓе, сите ми викаат - абе нема проблем, ама они не биле, туку онака ми одговараат.
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    ^
    Кога одеа на екскурзија лани,им правеа проблеми демек пасошов ако бил 6 месеци пред истекување не смеело никаде да патуваш.
    Е сега дали тоа е само за групно патување или е за сите не знам.
    Најубаво прашај некаде кај што знаат подобро да ти објаснат :)
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Бидејќи отидов и се вратив од Бугарија - сакав да го споделам тоа тука со вас, за во иднина ако некому му треба како информација ;)
    Важноста на пасошот ми беше уште еден месец - тоа ми беше големата дилема, дали смеам или не смеам да патувам.
    Сума сумарум - поминав граница без никаков проблем, никој ништо не ми рече, иако за секој случај ги имав испринтано резервациите и патничкото осигурување :)

    На истава тема - на страната на нашиот аеродром, ја имаше следнава изјава:
    "Драги патници,
    Ве молиме имајте ја превид следната информација, согласно новиот закон во Турција - од Први Јануари, македонските државјани за кои не е потребна виза за Турција, при влез во оваа земја треба да имаат пасош валиден минимум 120 дена од денот на пристигнување. Другите македонски државјани на кои им е потребна виза за влез во Турција, треба да имаат пасош валиден минимум 60 дена од истекот на визата."