1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични документи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од iskusna, 18 март 2010.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Здраво, сакам да прашам доколку се смени улицата на адресата на која живеам што треба да однесам во мвр при вадење пасош? Дали треба некакво уверение од општината или не?
     
  2. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.247
    Допаѓања:
    55.707
    Пол:
    Женски
    Мислиш доколку се смени името на улицата? Да, треба уверение од град Скопје. Барање се поднесува во барака 16 со имотен лист. Толку знам, јас лично не сум вадела.

    https://telma.com.mk/2023/06/18/po-...procedurata-udira-i-po-dzhebot-na-gragjanite/
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    13.325
    Чисто ме интересира дали е можно ова: од лични причини имам желба да го сменам презимето, т..е. да го земам моминското од мајка ми, но она не го користи. Дали знае некој дали може?
     
  4. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    24.755
    Да, изгуглај постапка за промена на лично име. Под промена на лично име се подразбира промена на името ИЛИ презимето.
     
  5. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.124
    Пол:
    Машки
    Може, условно.
    Screenshot_20230709-144335.jpg Screenshot_20230709-144344.jpg
     
    На The.E.T. и ЀѐЍѝ им се допаѓа ова.
  6. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.124
    Пол:
    Машки
    МВР на ЕНЕР постави предлог закон со кој, меѓу другото, се предлага и личната карта да може да се извади по итна постапка, услов е да нема промени на адресата.
     
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    244
    Каде се вади Уверение за државјанство и за колку време ? За упис на факултет треба според огласот, ама досега никогаш не сум вадела за децата. Нешто имаше ако на изводот од родени позади има печат , дека нетреба Уверение за државкјанство или грешка сум?
     
  8. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.124
    Пол:
    Машки
    Уверение за државјанство се вади во МВР. Се вади веднаш. За третото грешка си.
     
    На zence и ЀѐЍѝ им се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.761
    Допаѓања:
    6.559
    Пол:
    Машки
    Во МВР се вади одма го издаваат. А пред скоро мислам дека може и online да се извади како што кажаа од Министерство за информатичко опшество.
     
    На zence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pilence23

    pilence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Здраво да прашам некој дали има информација ваква, поради гужви во Скопје со закажување термини за лични документи кои треба да ги сменам со мажачко презиме и нова адреса и плус да вадам пасош за прв пат на бебето, дали е можно да го сменам само презимето а да си останам на старата адреса и на детето да му извадам пасош во мојот град, што документи бараат за прв пат за дете дали само извод или и лични карти од мајката и таткото, зошто сопругот има лична карта во Скопје на адресата на која живееме. Се надевам добро го поставив прашањето дека е разбирливо
     
  11. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.247
    Допаѓања:
    55.707
    Пол:
    Женски
    Бараат лични карти и присуство на двајцата родители. За другото не знам за да ти кажам со сигурност, ама мислам дека нема да може.
     
  12. pilence23

    pilence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Фала ти, претпоставив дека нема да може ако видат лични карти на две различни адреси, голема гужва е за лични документи во Скопје, јас не знам што ќе беше ова дури за на 13 септември има слободен термин ајде налет одмор ама ни возачка не можам да си извадам без нова лична карта
     
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.247
    Допаѓања:
    55.707
    Пол:
    Женски
    Да и ќе се зголемува гужвата. Закажи си сега, септември - септември, после најверојатно уште поголем хаос ќе настане (зашто нели сите граѓани мора да ги сменат личните документи до февруари).
     
  14. pilence23

    pilence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Оф леле фала ти на информацијата многу, ќе закажам кога тогаш морам да ги решам овие работи.
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Dali osnoven krivicen sud vo Skopje raboti standardno vreme za kaznena/krivicna evidencija da izvadam i maticnoto vo madjari kinoto isto dali nekoj skoro vadel izvod dali raboti?
     
  16. Fenix-James

    Fenix-James Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Има некој закажано онлајн деновиве за пасош?
    Бидејќи не ми дава слободен термин сите можни ги пробав
     
  17. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Jас не можам ниту за лична карта да закажам,утре одам во дирекција.:)

    Личната карта пишува дека ми важи до 05.09,а се надевам до тогаш ќе имам поднесено барање за нова.
    Дали може некаде по институции(банки итн.) да ми направат проблем овој месец?
     
  18. la.malparida

    la.malparida Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Ако не се заменат личните документи со Северна до 12 2 2024, дали ќе може после рокот да се аплицира за смена или ќе се плаќа некаква казна ако не се сменат на време? пишете кој знае точно како е
     
  19. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    1.308
    Пол:
    Женски
    Колку време се чека за извод на родени поднесен онлајн? Стиснав дека ќе го подигнам од шалтер,со надеж дека ќе е побрзо така.
     
  20. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    110
    Пред некое време средина на јули електронски закажав термин за пасош,лк и возачка добив датум за крај на септември но не добив мејл за потврда,
    Дали ми важи терминот?