Добро нит телефони работат ни online можам да закажам… како да извадам лични документи во оваа држава… Да не има друг начин а да не знам?
Па така викаат. Јас 10 пати ќе заѕвонам, 8 ќе ме одбие, 2 пати ќе почне музиката. И од други слушам дека успеваат да закажат сега ама малку поупорно треба.
Конечно не беше недостапен, и два пати 10 минути седев, додека сите оператори се зафатени… и на крај пак никој не крена ми спуштија од таму… и повторно не можам никако да закажам… не е нормално ова… не можам да си извадам лични документи.
Јас патував со валиден пасош но со старото презиме , 2 недели после свадба . Сега си ги земав новите документи и немав никаков проблем со пасошот .
Ako si vo možnost pomini do stanicata i probaj lično da zakažeš ili ako može vednaš bez zakažuvanje da se slikaš
Личната ми е истечена, пасошот не, ама менувам презиме и морам да сменам и немам важечки документи, не можам ни у банка да отидам… пред малку на албанската линија ми кренаа… тек на 22 ри јануари… 5 месеци без документи ќе треба да шетам… и сега морам по брза постапка да плаќам 6100.
Дали можи директно во мвр да се закажи? Нема термини ниту електронски, ниту можам да добијам преку телефон
Знам оти е катастрофа, и јас пред неколку години неможев да закажам и една роднина полицајка ми заврши работа без закажување, истиот ден бев ме пикна преку ред да се сликам. Во Мк нема ништо без врски, многу го мразам тоа.